(ФОТО+ВИДЕО) Разбиена криминална група осомничена дека шверцувала мигранти

Организирана група чии членови биле жители на повеќе градови во земјава спроведувала илегален транзит на мигранти. МВР ја разби и за сега осомничи десет лица кои преку илегални премини од Грција внесувале мигранти од Непал и Сирија и истите ги пренесувале низ земјава, а посредувала и за нивен транспорт до земјите од ЕУ.

Операцијата за разоткривање на групата била спроведена во педиодот од август до ноември минатата година, а во неа учествувале неколку оддели на полицијата под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК.

Во текот на истрагата полициските екипи дошле до сознанија дека криминалната група ја организирале четворица од осомничените – Ф.И., Е.Б., С.Б и Б.С. заедно со лице од странство.

Како што информираат од МВР станува збор за лица од Скопје, Неготино, Штип, Виница, Куманово и Струмица и против нив до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се поднесени кривични пријави.

„Во договор со лицето од странство, мигрантите на територијата на Република Северна Македонија биле пренесувани од територијата на Република Грција преку илегални премини во околината на Гевгелија и Демир Капија, а потоа со помош на водичи координирано се носеле на претходно утврдени и договорени локации. Исто така, организаторите на истиот начин криумчареле мигранти на територијата на Република Северна Македонија, кои биле пренесувани од територијата на Република Србија во околината на кумановско – липковскиот регион“, информираат од МВР.

Од овие локации групата потоа ги преземала мигрантите и со патнички и товарни возила преку илегални премини ги транспортирала кон државите од Европската Унија.

Во рамките на истрагата, полицијата извршила претреси кај пет лица во Скопје и Неготино.

Пронајдени и одземени се поголема сума на пари, пиштол, возила, мобилни телефони сим-картички и друг доказен материјал.

Во акцијата се уапсени четири лица, додека за едно се работи на негово пронаоѓање.

Останатите осомничени, како што информирата од МВР, веќе издржуваат затворски казни за разни кривични дела – од криумчарење мигранти, силување, разбојништво, трговија со дрога и кражба на возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот