Џенифер Лопез со провокативен настап на годинашното доделување на Американските музички награди / Фото: Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | „Очајна си!“: Џенифер Лопез страсно се бакна со танчарка среде настапот на Американските музички награди

Џенифер Лопез (55) ги изненади, но и налути гледачите со својот настап на годинашното доделување на Американските музички награди, што се одржа синоќа во Лос Анџелес.

Познатата пејачка, која неодамна се разведе од актерот Бен Афлек по две години брак, ја отвори церемонијата со впечатливо шоу исполнето со провокативни сцени, вклучувајќи страсни бакнежи со машки и женски танчари.

Иако вечерта помина без присуство на некои од најголемите музички ѕвезди како Тејлор Свифт, Лопез се обиде да внесе гламур и енергија изведувајќи динамичен микс од 23 песни номинирани изведувачи – меѓу кои „Birds of a Feather“ од Били Ајлиш, „Espresso“ на Сабрина Карпентер и кантри-хитот „Texas Hold ‘Em“ на Бијонсе.

Фото: Chelsea Lauren / Shutterstock Editorial / Profimedia

Сепак, наместо пофалби, настапот предизвика лавина критики на социјалните мрежи. Дел од гледачите го оценија како „непријатна пародија“ и „очаен обид за привлекување внимание“. Многумина коментираа дека бакнежите изгледале исфорсирано, а некои признаа дека им било непријатно да го гледаат настапот.

Најмногу реакции предизвика бакнежот со женска танчарка, кој дел од корисниците на социјалните мрежи го оценија како „премногу“ и „непримерен“. Имаше и коментари дека ваквиот потег бил обид да се предизвика љубомора кај поранешниот сопруг Афлек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот