Фото; Инстаграм/„Вог“

ФОТО+ВИДЕО | Никол Кидман моќна на насловната на „Вог“: Актерката изгледа неверојатно по разводот!

Холивудската актерка Никол Кидман се најде на насловната страница на ноемвриското издание на списанието „Вог“, каде што во искрен разговор зборува за својата ранливост, внатрешна сила, модата и новите животни почетоци.

Интервјуто било направено неколку недели пред јавноста да дознае дека актерката се разделила од својот сопруг, кантри-пејачот Кит Урбан, со кого беше во брак речиси две децении.

„Колку пати треба да научиш дека мислиш дека знаеш каде одиш, а потоа животот тргнува во сосема друг правец?“, изјавила 58-годишната Кидман кога била прашана како се чувствува во своите педесетти години. Иако не зборувала директно за брачниот статус, нејзините зборови биле доволен показател дека во нејзиниот живот се случуваат големи промени.

Иако не го споменува Урбан, во интервјуто за „Вог“ Кидман зборува за летото кое го минала во Лондон, снимајќи го филмот „Практична магија 2“ (Practical Magic 2) со Сандра Булок. Таа раскажува дека, меѓу работните денови, времето го минувала со најблиските: „Одење во Хајд парк, концерти, Гластонбери и Солсбери – толку многу летна забава – ‘Евита’, театар, прошетки низ Хемпстед Хит, капење таму. Потоа Португалија, Грција, семејство, сестра ми, најдобрата пријателка од детството и нејзините три деца. Многу блиска, топла група“.

Фото; Инстаграм/„Вог“

Кидман открива дека со текот на годините научила да ја претвора својата ранливост во сила и креативност, а уметноста ја смета за најчист начин да ги преточи болката и љубовта во нешто вистинито. Во разговорот се навраќа и на својата речиси четиридецениска кариера што опфаќа сè – од австралиски филмови и холивудски блокбастери до независни продукции и телевизиски серии. Со својата продукциска куќа „Блосом филмс“, основана во 2010 година, активно поддржува жени режисерки и сценаристки, исполнувајќи го ветувањето дека ќе работи со жена-режисер барем еднаш на осумнаесет месеци.

Покрај тоа, Кидман зборува и за модата како личен израз и уметност.

„Понекогаш модата е оклоп, понекогаш игра, понекогаш бунт. Зависи од расположението“, вели актерката, која денес е заштитно лице на „Кле де По Бјуте“ и амбасадорка на „Шанел“.

Фото; Инстаграм/„Вог“

Кидман присетува и на своето детство, кога мајка ѝ и баба ѝ ѝ шиеле фустани и ја учеле на трпение, вкус и убавина.

„Кога денес ме облекуваат за на црвен тепих, повторно се чувствувам како тоа мало девојче“, раскажува таа.

Иако важи за симбол на елеганција и совршеност, Кидман без задршка зборува за својата природност и несовршености.

„Сакам кога кожата има недостатоци, кога солзите се вистински, кога лицето е живо. Не сакам совршенство – сакам вистина“, вели актерката, која не се плаши да се појави без шминка или да го покаже заморот на камера.

Во завршницата на интервјуто за „Вог“, Кидман со насмевка вели дека нема намера да забави.

„Зошто да престанам? Ќе мора да ме врзете за да ме сопрате“, изјавува актерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот