Фото: Икс/ Survival International

ФОТО+ВИДЕО | Неверојатни сцени: Племе со кое никогаш не е остварен контакт, снимено во Амазонија

Членовите на најголемото неконтактно племе во светот се снимени во перуанската Амазонија на само неколку километри од локалното село.

Овие неверојатни снимки од племето Машко Пиро (Mashco Piro) ги објави британската организација „Survival International“, повикувајќи на итна забрана за сечење на прашумите во Јужна Америка, која е од исклучителна вредност за целата планета, пишува „Индепендент“.

„Survival International“ е непрофитна организација која ги застапува правата на домородците.

Сликите, направени на крајот на јуни, го прикажуваат племето покрај река во регионот Мадре де Диос, блиску до границата со Бразил.

„Овие неверојатни слики покажуваат дека голем број изолирани членови на Машко Пиро живеат сами на неколку километри од местото каде што дрвосечачите треба да започнат со своите операции“, рече директорката на „Survival International“, Керолин Пирс.

„Ова е непобитен доказ дека многу членови на Машко Пиро живеат во оваа област, која Владата не само што не успеа да ја заштити, туку всушност ја продаде за сеча на дрва“, рече Алфредо Варгас Пио, шеф на „Fenamad“. „Работниците кои се занимаваат со сеча би можеле да донесат нови болести кои би го избришале Машко Пиро, а исто така постои и ризик од насилство од двете страни, па затоа е многу важно територијалните права на Машко Пиро да бидат признаени и заштитени со закон“.

Група од над 50 членови на Машко Пиро била забележана во близина на селото Јине во Монте Салвадо во последните денови. Друга група од 17 членови на Машко Пиро е видена во близина на блиското село Пуерто Нуево, соопшти „Survival International“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот