ФОТО+ВИДЕО | Не може да биде побизарно: Се омажи за крпена кукла, а сега објави дека чека второ дете

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Бразилката што се најде на насловните страници откако објави дека се омажила за крпена кукла, сега тврди дека го чекаат своето второ дете.

Мејривон Рока Мораес (37) од Бразил привлече внимание минатата година откако објави дека се „омажила“ за машка кукла и дека го добиле „синот“ Марчелино.

За да биде уште побизарно, Мејривон сега тврди дека чекаат второ дете.

– Многу сум среќна бидејќи повторно сум бремена со Марсело. Овој пат ќе имаме девојче. Марсело постојано прашуваше кога ќе имаме уште едно бебе, а јас му реков еден ден. Неколкупати бев болна, па правев тестови, но тие беа негативни. Сепак, неодамна купив тест во локалната аптека и беше позитивен! Ние сме толку среќни. Би сакале да имаме мала принцеза. Веќе имаме момче, но ако се покаже дека бебето е момче, ќе го сакаме исто – рекла Мејривон за „Нид ту ноу“.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Таа раскажала дека во декември ќе роди ќерка и дека ќе се вика Марсела. Мејривон неодамна дури организирала и забава за откривање на полот и поканила 40 гости.

– Сакав момче бидејќи слушнав дека ќе бидат потребни многу повеќе пари и труд за да се подигне девојче. Но, ова бебе сепак ќе биде добредојдено и сакано – изјавила таа за „Дејли мејл“.

Мејривон додала дека нејзиниот сопруг Марсело е многу среќен затоа што сакал девојче.
Очекувано, нејзините профили на социјалните мрежи беа преплавени со коментари.

„Мислам дека е време да посетиш психијатар“, „Зошто никој не ѝ помага на оваа жена?“, „Што прави нејзиното семејство? Направете нешто“, „Ова не е нормално, ѝ треба помош“, се некои од коментарите на шокираните луѓе.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Мејривон претходно ѝ се пожалила на мајка си дека се чувствува осамено затоа што нема партнер. Поради оваа причина, нејзината мајка решила да ѝ го подари Марсело, крпена кукла.

– Се вљубив во него на прв поглед. Конечно добив човек со кого можам да одам на часови по танц. Мојот живот доби смисла – изјави таа во интервју за магазинот „Нид ту ноу“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот