
ФОТО+ВИДЕО | Не можат да се разделат: Наоми Кемпбел повторно му се врати на 12 години помладото момче, се шетаа за рака во Лондон
Британската манекенка Наоми Кемпбел (54) повторно привлече внимание кога минатата недела се појави на елитен настан во Лондон, држејќи се за рака со своето поранешно момче – германскиот диџеј Грегор Зутерлин, познат како Рампа (42). Ова ги поттикна шпекулациите дека ја обновиле љубовната врска.
Препорачано
Славниот пар беше забележан на прославата по повод 150-годишнината од брендот за луксузни часовници „Одемар Пиге“, што се одржа во престижниот хотел „180 Стенд“, дел од ексклузивниот синџир хотели „Сохо хаус“. Според извори од настанот, супермоделот и диџејот пристигнале заедно и ја поминале целата вечер заедно, разговарајќи и уживајќи во друштво на готвачи со Мишелин ѕвезди и настапот на музичката ѕвезда Реј.
„Наоми и Рампа пристигнаа заедно, седејќи една до друга и изгледајќи целосно опуштено и среќно. Изгледаа како повторно да се пар“, изјави извор за „Дејли мејл“.
Кемпбел избра елегантен фустан за пригодата и беше меѓу почесните гости на вечерта.
Naomi Campbell fuels rumours she’s reunited with German DJ boyfriend Rampa as they attend event together https://t.co/rSpxTdZxWw
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) June 18, 2025
Двојката за првпат беше видена заедно минатото лето на романтично бегство на Миконос, по што следеа патувања на Ибица и Истанбул. Нивната врска беше опишана како „страсна и интензивна“, но во декември тие престанаа да се следат еден со друг на социјалните мрежи, а извори блиски до моделот тврдат дека врската завршила поради зафатен распоред.
„Нивната врска беше виор од емоции. Тие многу се сакаа, но животот едноставно им се испречи на патот на љубовта“, изјави извор за „Сан“ во тоа време.
Naomi Campbell is living her best life with DJ Rampa in Mykonos.. pic.twitter.com/DMwuqmufQf
— The Gworls Are Fighting (@baddietvv) August 19, 2024
По наводното раскинување, Кемпбел наводно ги избришала сите љубовни коментари од неговите профили и решила да се посвети на своите две деца, кои ги добила преку сурогат мајчинство во 2021 и 2023 година, и на својата кариера.
Рампа е познат како основач на реномираната издавачка куќа за електронска музика „Кејнемузик“ и е еден од најбараните диџеи во светот на електронската музика.