Фото: Инстаграм/Николија Јовановиќ

ФОТО+ВИДЕО | Најшокантниот видеозапис на Балканот: Реља и Николија снимија спот што потсетува на филм за возрасни

Реља Поповиќ и Николија Јовановиќ, еден од најпознатите музички парови на Балканот, предизвикаа вистински хаос на социјалните мрежи со објавата на спотот за заедничката песна „Баш ти се свиѓа“. Овој дует, кој се наоѓа на новиот албум на Поповиќ, „Хотел Југославија“, е во фокусот на јавноста не само поради музиката, туку и поради експлицитниот видеозапис, кој ја подели публиката и покрена дебати за границите на уметничкиот израз.

Видеото изобилува со сцени кои многумина ги опишаа како „филмски“, „еротски“ и „шокантни“. Во кадрите се менуваат сцени на страст, доминација и фетиш: од врзување со синџири, плукање, до сцени кои потсетуваат на БДСМ естетика. Еден од најкоментираните моменти е кога Реља плука во дланка и ја става раката во боксерки, додека Николина му ги врзува гениталиите со синџир.

На социјалните мрежи реакциите се поделени. Додека некои го нарекуваат спотот „порнографски“ и „невкусен“, други го гледаат како „уметнички храбар“ и „освежувачки“. Коментари како „Ова е како вистински филм за возрасни“ и „Гледам низ прсти, како хорор филм“ сведочат за интензитетот на реакциите.

Фото: Инстаграм/Николија Јовановиќ

Поповиќ во интервју за телевизијата Нова изјави дека спотот би го опишал со две зборови: „доверба и слобода“. Потенцираше дека идејата за дуетот настанала спонтано, без калкулации за комерцијален успех, и дека тој и Николија со години ја барале вистинската песна за заеднички проект.

Николија на социјалните мрежи додаде: „Слобода што ја чувствуваш само со оној со кого си градел доверба со години. Оголено, а недостапно. Сензуално како одење по остра ивица на нож“. Таа нагласи дека спотот ја одразува нивната интимна поврзаност и самодовербата што произлегува од искрен однос.

Мајката на Николија, познатата пејачка Весна Змијанац, изјави дека сè уште го нема погледнато спотот, но дека ги поддржува ќерка ѝ и зетот во нивните уметнички одлуки.

Фото: Инстаграм/Николија Јовановиќ

Реља и Николија се еден од најпознатите парови на регионалната музичка сцена. Нивната врска започнала во 2014 година по соработката на песната „Алкохола литар“, кога професионалната хемија брзо се претворила во приватна поврзаност. Оттогаш, парот е заедно повеќе од една деценија, а нивната љубовна приказна е обележана и со тешки и со среќни моменти.

Во раните фази на врската се соочиле со загуба на првата бременост, што било исклучително болен период за двајцата. Николија подоцна отворено зборувала за тоа искуство, истакнувајќи дека тогаш биле мета на медиумски линч поради гласините дека токму таа била причина за распадот на групата „Елитни одреди“, каде што членуваше Реља.

Денес се родители на две ќерки, Реа (родена 2016) и Хана (родена 2021). Парот е познат по тоа што строго ја чува приватноста на своето семејство; ретко објавуваат фотографии од децата, а нивните имиња долго време беа непознати за јавноста.

Иако не се формално венчани, Николија во една пригода изјави: „Имам складен брак, а тоа на јавноста и медиумите им е здодевно и јас сум среќна поради тоа“. Таа додаде дека „хартијата“ не им е важна и дека нивната поврзаност и меѓусебната доверба се темелот на нивната врска.

Како се снимала „жешката“ сцена меѓу Реља и Камка во серијата „Беса“: На режисерот му било најтешко

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот