
ФОТО+ВИДЕО | На Марс откриена 150.000 тони замрзната вода: Клучен чекор кон разбирање на планетата
На Марс неодамна е откриено значително наоѓалиште на замрзната вода (150.000 тони) на врвот на еден вулкан, што е резултат на истражувањето на американските научници објавено во списанието „Нејчр џеосаенсес“ (Nature Geosciences). Овој регион, познат како Тарсис, е најголемиот планински венец во Сончевиот систем и се наоѓа на екваторот на планетата.
Препорачано
Ова откритие е особено важно, бидејќи присуството на вода на Марс може да укаже на можноста за постоење услови за живот. Научниците забележале дека секоја вечер мразот се кондензира на планините на Марс, а потоа испарува во текот на утринските часови. Според водечкиот автор на студијата, Адомас Валантинас од Универзитетот Браун, ова можеби е остаток од древниот климатски циклус на Марс, кога имало врнежи, можеби дури и снег.
Претходните истражувања исто така покажаа дека на Марс постоела течна вода најмалку 200 милиони години. НАСА неодамна ја откри и огромната јама на Марс, длабока околу 178 метри, што дополнително ги заинтригира истражувачите за природата и геологијата на оваа планета.
Овие откритија се клучни за разбирање на минатото на Марс и можноста планетата во одреден момент да имала услови за живот, тема која привлекува сè поголемо внимание кај научната заедница и пошироката јавност.
Марс е четвртата планета од Сонцето во Сончевиот систем, позната по својата црвеникава боја поради високата содржина на железо во својата површина. Оваа планета е помала од Земјата и има потенка атмосфера, која главно се состои од јаглерод диоксид.
NEWS | Frost With Volume Of 150,000 Tonnes Water Discovered On Mars
Two missions of the European Space Agency have discovered frost near Mars’s equator; a place which was previously thought impossible for frost to exist.
The frost has been found on top of Tharis volcanoes; the… pic.twitter.com/aKAG6O7LwC
— GPlus (@guwahatiplus) June 14, 2024