
ФОТО+ВИДЕО | На која подобро ѝ стои? Позната пејачка се појави во фустан што Катарина Ивановска го носеше на ревија пред 19 години
Неодамна се одржаа наградите „Kids Choice Awards“ во Санта Моника, а познатата пејачка Тајла беше водител на настанот. За време на доделувањето младата пејачка на сцената се појави во повеќе модни комбинации, но со едно колоритно модно издание нè потсети на модата во раните 2000-ти.
Препорачано

Фустанот кој го носеше е креација на Роберто Кавали, од колекцијата „Ready-to-Wear“ за пролет/лето 2006-та. Но, она што на многумина им привлече внимание е дека пред 19 години, токму овој фустан го има носено нашата најуспешна манекенка Катарина Ивановска.
Имено, во 2006 година Катарина продефилира во фустанот на Роберто Кавали на ревија, во периодот кога таа соработуваше со некои од најголемите модни куќи и често ја гледавме на модните писти.
View this post on Instagram
Деновиве на социјалните мрежи се споделуваат фото-споредби од пејачката Тајла, која го носи фустанот во 2025 и од Катарина. Објавата ја сподели и нашата манекенка на својот инстаграм-профил, потсетувајќи се на некои убави времиња од својот професионален живот.
View this post on Instagram

Многумина се пошегуваа дека Тајла е речиси исто толку стара колку и фустанот, кој покрај Катарина, во 2006 година го носеше и Бијонсе, на настап во Њујорк.
ФОТО | „И во лошо и во добро“: Катарина Ивановска му го честиташе роденденот на саканиот