Меланија Трамп и Доналд Трамп / Фото: Alex WROBLEWSKI / AFP / Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | Меланија Трамп во издание „Топ Ган“ ја посети американската поморска база

Првата дама на Америка Меланија Трамп во неделата со својот моден избор многумина ги потсети на филмскиот класик „Топ Ган“ (Top Gun) во текот на посетата на поморската станица Норфолк во Вирџинија. Таа учествуваше на прославата „Поздрав до флотата“ по повод 250-годишнината од станицата, а настанот се одржа на носачот на авиони УСС Џорџ Х. В. Буш.

За таа пригода, 55-годишната прва дама носела кафеава кожена бомбер јакна, која ја комбинирала со класична бела кошула и темни фармерки. Целокупниот изглед го надополнила со авијатичарски очила и бела бејзбол капа со истакнат натпис „САД“.

 

Нејзиниот стајлинг неодоливо потсетувал на стилот што го носеше актерката Кели Мекгилис, која ја глумеше љубовта на Пит „Маверик“ Мичел (Том Круз) во филмот „Топ Ган“.

На првата дама ѝ се придружил нејзиниот сопруг, претседателот Доналд Трамп, а заедно разговарале со морнарите на носачот на авиони. Пред да се обрати на насобраните, кои се проценува дека вклучила околу 10.000 луѓе, претседателскиот пар ја следел воена демонстрација од палубата.

Претседателот Трамп ја искористил можноста во својот говор да се осврне на моменталната блокада на владата, критикувајќи ги демократските претставници.

„Сакам да знаете дека… нашите припадници на службата ќе го добијат секој последен цент. Не грижете се за тоа“, порачал Трамп, предизвикувајќи силен аплауз од публиката.

 


И Меланија се обратила на присутните, не криејќи го своето воодушевување. Откако ги поздравила морнарите со традиционалниот извик „hooyah“, на кој тие од срце возвратиле, таа истакнала дека за неа е голема чест да биде со нив.

„Генерации морнари ја одржуваа Америка слободна поради вашето присуство на отворено море“, рекла првата дама. „Вашата сила, храброст и жртва нè инспирираат сите“, заклучила таа во својот говор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melania Trump (@melaniatrumprofile)

Си-Ен-Ен: Меланија Трамп има големо влијание врз политиката, иако не е присутна во јавноста

ФОТО | Дами со стил: Меланија елегантна во жолт фустан со голи раменици, Кејт блеска во златен фустан и нејзината омилена тијара

Меланија Трамп е подготвена добро да заработи за Божиќ: Вели дека „Колекцијата 250“ ја направила поради љубовта кон Америка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот