
ФОТО+ВИДЕО | Македонија поразена од Саудиска Арабија на контролниот меч во Прага
Денеска во пријателски натпревар одигран на стадионот „Викторија Жишков“ во Прага, Чешка, најдобрата македонска фудбалска репрезентација загуби со 2:1 од Саудиска Арабија. Првите пет минути поминаа во тест на силите на двата тима, со мал притисок на нашите фудбалери на половината на противникот, но ништо поконкретно да се заканиме со прв удар кон голот. Нашиот селектор Благоја Милевски го користеше овој контролен меч да направи некои тактички замисли пред поважниот дуел в недела против Лихтенштајн во мундијалските квалификации.
Препорачано

Без прва сериозна шанса во првите 10 минути од мечот, повеќе топката ја имаа играчите на Саудиска Арабија во своите нозе, обидувајќи да се доближат кон голот на Димитриевски. Една опасна акција на противникот се движеше во 18 минута, Ал Џувајр доби топка, се обиде да изнуди пенал по малиот контакт со еден од нашите дефанзивци, но тоа не беше доволно за чешкиот судија Стари да досуди пенал. Во 20 минута првата сериозна шанса на Саудиска Арабија, убава течна акција меѓу Абу Ал Шамат и Ал Бураикан. Дојде топката до Ал Бураикан кој упати удар со левата нога, но Димитриевски убаво одбрани и спречи да биде затресена неговата мрежа.

И натаму тешко доаѓавме до било каква можност да го загрозиме голот на Саудиска Арабија, се обидовме со неколку нафрлувања, но тоа изгледаше безопасно. Во 32 минута Саудиска Арабија повторно се закани овој пат преку Ал Харби кој шутираше со левата нога, но Димитриевски запиша уште една интервенција. Како полека да се ослободувавме од притисокот, повеќе креиравме акции, и конечно од првата конкретна можност постигнавме гол за водство од 1:0.
🇲🇰 𝑮𝑶𝑶𝑶𝑶𝑶𝑶𝑶𝑶𝑶𝑶𝑶𝑶𝑶𝑶𝑶𝑶𝑳
⏰️ 40′ ARÁBIA SAUDITA 0 x 1 MACEDÔNIA DO NORTE
⚽️ Trajkovski
🅰️ DespotovskiGOLAÇO! Macedônia abre o placar no amistoso com um belo voleio
— Central do Arabão (@centraldoarabao) September 4, 2025
Во 40 минута Деспотовски центрираше во противничкиот шеснаесетник, го пронајде кој Трајковски фантастично со „ножички“ стрелаше за во мрежата на Саудиска Арабија. Во 44 минута повторно се заканивме, Трајковски силно шутираше од околу 20 метри, но топката заврши нешто над голот на Ал Санби. И наместо да ја одржиме предноста до паузата, невнимание во средниот ред доведе до опасна акција на Саудијците кои ја искористија преку Ал Бураикан кој од непосредна близина се погрижи за израмнување, а Димитриевски беше немоќен да стори нешто повеќе.
🇸🇦 𝑮𝑶𝑶𝑶𝑶𝑶𝑶𝑶𝑶𝑶𝑶𝑶𝑶𝑶𝑶𝑶𝑶𝑳
⏰️ 45′ ARÁBIA SAUDITA 1 x 1 MACEDÔNIA DO NORTE
⚽️ Feras Al Buraikan
🅰️ Abu Al ShamatSurpresa na escalação, Al Shamat rouba a bola no campo de ataque, carrega e deixa Feras na cara do gol para empatar!
— Central do Arabão (@centraldoarabao) September 4, 2025
На стартот од второто полувреме во игра како замена за Трајковски влезе новиот член на македонската А репрезентација, Елмин Растодер, играчот на швајцарски Тун кој дебитираше на овој дуел.
Саудиска Арабија имаше нова шанса да дојде до реализација, за среќа ударот на Кано заврши далеку од голот на Димитриевски. Во 58 минута нововлезениот Ќамили кој го замени Алиоски, поради груб прекршок доби жолт картон. Две минути подоцна во игра влегоа стандардните првотимци Барди и Елмас, а играта ја напуштија Алими и Станковски.
Поминаа 70 минути од натпреварот, голема борба се водеше во средниот ред за секоја топка, со нешто повеќе физички контакти, но без нови шанси на двете страни, иако и натаму Саудијците делуваа некако поопасно, а нашата игра не беше најдобра. Во 78 минута по изведен корнер Саудијците се заканија преку Кано кој највисоко скокна и ја погоди пречката. Нашите фудбалер тешко го следеа темпото на противникот. Самите се казнивме во 78 минута, ја загубивме топката непотребно пред нашиот гол, не беше најдобро додавањето до Барди, топката се одби со Ал Хамдан кој со силен и прецизен удар од 15 метри стрелаше за 2:1 за Саудиска Арабија.
🇸🇦 𝑮𝑶𝑶𝑶𝑶𝑶𝑶𝑶𝑶𝑶𝑶𝑶𝑶𝑶𝑶𝑶𝑶𝑳
⏰️ 78′ ARÁBIA SAUDITA 2 x 1 MACEDÔNIA DO NORTE
⚽️ Al Hamdam
🅰️ Abu Al ShamatAl Hamdam vira o jogo para a Arábia Saudita com um golaço!
— Central do Arabão (@centraldoarabao) September 4, 2025
Се обидовме со сите сили во финишот да постигнеме барем гол за реми, но не успеавме ниту да се доближиме и да се заканиме со нов удар и на крајот Саудијците запишаа конечен триумф.
Пријателски натпревар
Прага, стадион „Викторија Жишков“
Македонија – Саудиска Арабија 1:2 (1:1)
Македонија: Димитриевски, Деспотовски, Велковски (Илиевски 46`), Серафимов, Муслиу, Алиоски (Ќамили 46`), Станковски (Елмас 60`), Алими (Барди 60`), Атанасов, Ристовски (Костадинов 75`), Трајковски (Растодер 46`).