
ФОТО+ВИДЕО | Ледената Бетика ужива во снегот на Козјак: Хранеше лисица и се искапи во када со мраз на отворено
Ресенчанката Бети Котовчевска, која на македонската јавност ѝ е позната како „ледената Бетика“ и девојката која се капе во екстремно студени води, овој пат го искористи времето да ужива во снежната покривка на Козјак.
Препорачано
-
1
-
2
-
3

Имено, Бетика уште еднаш покажа дека минусните температури не ѝ пречат, благодарение на работата на светски познатиот холандски спортист Вим Хоф.

Таа на социјалните мрежи се пофали како си поминала на локацијата со еден од најубавите погледи во Македонија. Во видеото Бетика се капеше во када полна со мраз со прекрасен поглед кон снежниот пејзаж. По завршениот предизвик, таа се релаксираше покрај огин, а во текот на престојот дури и хранеше лисица, случаен посетител таму.

Покрај видеото, Бетика напиша:
„Ладната вода – остар бакнеж на природата.
Со секој здив, срцето ми се смирува,
душата ми заигрува.
Тука, дома.
Во срцето на Јасен, каде имагинацијата на еден прекрасен пар станува реалност.
Тука дома.
Тивката моќ на природата го буди најдлабокото во нас.
Тука, времето застанува, часовите исчезнуваат,оставајќи само смирение и светлина.
Тука дома.
Подалеку од светот, поблиску до себеси,
во овој магичен пејзаж, сите сме безвременски гости.“
View this post on Instagram