Кралот Чарлс / Фото: Instagram / theroyalfamily

ФОТО+ВИДЕО | Кралот Чарлс се појави во јавноста по кратката хоспитализација: Монархот имаше несакани ефекти од лекувањето на ракот

Кралот Чарлс беше хоспитализиран откако претрпе привремени, но непријатни и тешки несакани ефекти од хемотерапијата што се користи за лекување на рак, пишуваат странските медиуми.

Веста за кратката хоспитализација на кралот ја објави Бакингемската палата, а кралот веќе се вратил во својата резиденција Кларенс Хаус. Но, поради целата ситуација тој го откажа патувањето во Бирмингем и средбите со тројца амбасадори.

Фото: Yui Mok, PA Images / Alamy / Profimedia

„Бевме ужасни кога ја слушнавме веста вчера. Денеска отидовме во палатата да се фотографираме, но не ни сонувавме дека ќе го видиме кралот. Вистинско олеснување е да го видиме како се смее и мавта“, изјавиле обожавателите за странските медиуми.

Фотографите го фотографирале додека се враќал од болница. Кралот им мавташе на минувачите од својот автомобил, гест што им се допадна на многу обожаватели.

Да потсетиме, кралот Чарлс во февруари минатата година објави дека се бори со ракот, но до денес не го сподели со јавноста видот на оваа тешка болест. Еден месец по него и Кејт Мидлтон со јавноста ја сподели својата тешка дијагноза. Како и кралот, таа не сакаше да открие со каков вид на рак се борела. Но, таа откри и дека завршила со хемотерапијата и во послендите јавни појавувања изгледа среќно и здраво.

ФОТО | Кралот Чарлс е примен во болница поради несаканите ефекти од лекувањето на ракот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот