Шакира и Алехандро Санц / Фото: Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | „Јас имав 18, а тој 49 години!“: Алехандро Санц се најде среде секс скандал, обожавателка со страшни обвинувања кон него

Шпанскиот пејач Алехандро Санц се најде во фокусот на јавноста откако на социјалните мрежи вирално се прошири сведоштво на млада жена по име Ивет Плаја.

Таа преку ТикТок и Инстаграм објави шокантна исповед во која тврди дека нивното познанство, кое започнало како типична комуникација помеѓу славна личност и обожавателка, со текот на времето прераснало во близок, „интимен“ однос кој, според неа, ја оставил со чувства на „искористеност, понижување, па дури и нечистотија“.

Ивет во мај наполни 26 години, а тврди дека сè започнало пред десет години, што значи дека тогаш имала само 16.

Фото: Инстаграм/Ивет Плаја

Санц, познат по хитовите како „Corazón Partío“, „Bésame“, „La Tortura“ со Шакира и „Mi Marciana“, првпат јавно се огласи по нејзината објава, која на ТикТок веќе надмина 700.000 прегледи.

„Ивет, имав убава спомен на нас двајцата – две возрасни личности што споделуваат нежност и слобода. Жал ми е што тој спомен сега е уништен. Во мај ми понуди да инвестирам во семејни бизниси, а по консултација со моите советници, ти одговорив со ‘не’. Жал ми е што твојата реакција е ваква, но сакам да знаеш дека никогаш не сум учествувал, ниту ќе учествувам во нешто такво. Се надевам дека наскоро ќе го најдеш својот пат и среќа“, изјави пејачот.

Овие обвинувања се појавија непосредно по објавувањето на неговото ново издание „¿Y ahora qué?“ и пред почетокот на неговата есенска турнеја низ Мексико. Паралелно со скандалот, се шират и гласини за можно раскинување со актерката Кандела Маркес.

Ивет Плаја и Алехандро Санц во 2018 година / Фото: Инстаграм/Ивет Плаја

Што тврди Ивет Плаја?

Ивет Плаја беше целосно непозната за јавноста сè до моментот кога објави видео на ТикТок, каде седејќи на столче, изјави: „Овде сум затоа што морам да ја споделам мојата приказна за Алехандро Санц. Поради девојчето коешто бев, но пред сè, поради жената која сум денес“.

Нема сомнеж дека тие се познавале, бидејќи Плаја објави заеднички фотографии и видеа со Санц, како и слики од неговите лајкови и коментари на нејзините објави.

Според неа, сè започнало во 2015 година.

„Бев негова обожавателка, а тој ме заследи на социјалните мрежи. Бев во шок што толку познат и сакан човек ми праќа пораки, коментира фотографии, па дури и ги споделува моите објави. Нашата комуникација стануваше сè поблиска“, вели Плаја.

Ивет Плаја и Алехандро Санц во 2017 година / Фото: Инстаграм/Ивет Плаја

Таа имала 18, тој 49

Плаја тврди дека првпат се сретнале приватно кога таа имала 18 години, а Санц 49. Кога имала 22, се преселила од Барселона во Мадрид, бидејќи, како што вели, тој ја вработил.

„Нашиот личен однос стана неизбежен и прерасна во нешто интимно и сексуално. Мислев дека живеам сон, но тоа се претвори во кошмар. Ги надмина границите на она што го сметам за морално, па дури и човечки“, изјави таа.

Денес таа е дигитална креативна директорка и гимнастичарка и за Санц нема добар збор.

„Ме згази. Ме исплаши. Мислам дека живее во паралелна реалност која си ја гради со години и верува дека е над доброто и злото. Тоа е крајно опасно, бидејќи длабоко во себе, тој навистина е таков. Никој не се осмелува да му се спротивстави. Но со мене немаше договор. Се чувствувам морално одговорна, бидејќи мислам дека сум една од ретките што може да прозбори. Стојам овде за да покажам дека вистината порано или подоцна излегува на виделина.“

Таа заврши со зборовите: „До самиот крај ме потценуваше. Јас повеќе не сум таа девојче што беше подготвено да направи сè само за да му биде поблиску. Ивет денес знае што значи здрав, пропорционален и заемен однос и знае да препознае кога некој нешто прави од срце, а кога од внатрешна празнина користи туѓи срца за да се почувствува жив“.

@ivetplayaY ahora yo.♬ sonido original – Ivet Playà

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот