Тамара Калиниќ на Филмскиот фестивал во Венеција/Фото: Mirco Toniolo / Avalon / Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | Изгледа како милион долари: Најпознатата српска инфлуенсерка Тамара Калиниќ ја покори Венеција во проѕирен фустан! 

Една од најдобро облечените дами на овогодинешниот Филмски фестивал во Венеција, кој се одржува од 27 август до 6 септември е познатата Србинка која два дена по ред приреди моден спектакл на црвениот тепих.

Светски познатата модна инфлуенсерка и блогерка Тамара Калиник, по спектаклот во белиот фустан, прошета по црвениот тепих во Венеција во тоалета која ја следи линијата на телото и има деколте во облик на срце.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Kalinic (@tamara)


Фустанот е проѕирен, се гледа и долната облека, но креацијата на Тамара Калиниќ воопшто не е вулгарна. Провокативноста во модата никогаш не била забранета, а не е ниту автоматски спротивност на добриот стил.

Тамара Калиниќ на Филмскиот фестивал во Венеција/Фото: SGP / ddp USA / Profimedia

Модната инфлуенсерка од Србија долови на црвениот тепих во Венеција како тоа треба да изгледа. Важна е мерката на провокација, а фактот дека гламурозниот дизајн на фустанот има проѕирни детали е дополнителен, голем плус. Дезенот на тоалетата на Тамара е чист гламур.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Kalinic (@tamara)

Накитот и овој пат одигра значајна улога во стилизирањето на Тамара Калиниќ, како и нејзината коса, која е идеална фризура за ваков вид стилизирање.

Тамара потсетува многумина дека гламурот е неопходен на црвениот тепих, без разлика кој тренд го следите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!