Венко Филипче / Фото: СДСМ / Фејсбук

ФОТО+ВИДЕО | Филипче: Сите заедно да излеземе и да покажеме дека се бориме за нашиот дом

На граѓанската трибина во Демир Хисар, со која Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) официјално ја започна предизборната кампања за локалните избори, претседателот на партијата, Венко Филипче, рече дека за реализација на програмата и визијата која ја која ја нуди СДСМ за општина Демир Хисар, го имаат најдобриот кандидат за градоначалник, Златко Кузмановски.

Венко Филипче / Фото: СДСМ / Фејсбук

„Верувам, и стојам одговорно зад тоа, дека Златко ќе ја води општина Демир Хисар чесно, со интегритет и со почит кон секој граѓанин. Тој ќе отвори нова страница за Демир Хисар, страница на развој, можности и напредок“, рече Филипче.

Венко Филипче / Фото: СДСМ / Фејсбук

Тој додаде дека Кузмановски е народен човек, кој е постојано меѓу своите сограѓани и дека ги разбира нивните потреби и секојдневни предизвици.

„Тој ќе биде постојано на терен, меѓу граѓаните, секогаш подготвен и достапен и секогаш подготвен да слушне и да решава. Тој ја познава секоја мака на оваа општина и има волја и план да се справи со сите проблеми тука во Демир Хисар“, посочи Филипче, укажувајќи дека Кузмановски е човек кој ја заслужува довербата да ја води општина Демир Хисар.

Венко Филипче / Фото: СДСМ / Фејсбук

Филипче нагласи дека на овие избори граѓаните избираат повеќе од партија – избираат иднина и дом кој ќе им го оставиме на нашите деца.

„На деветнаесетти октомври, имаме можност да кажеме доста на лагите, на неправдата и на лажниот патриотизам. Има можност да избереме чесни луѓе, луѓе со интегритет кои ќе одговараат пред вас, граѓаните. Сите заедно да излеземе и да покажеме дека се бориме за нашиот дом – за Демир Хисар, за Македонија и за сигурна и просперитетна иднина,“ порача Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот