Фото: EPA/JUAN IGNACIO RONCORONI

ФОТО+ВИДЕО: Емотивни сцени во Буенос Аирес, Меси со два гола се збогуваше од домашната публика

Изминатата вечер репрезентацијата на Аргентина која својот настап на Мундијалот го обезбеди уште претходно славеше победа над Венецуела со 3-0, а овој натпревар беше посебен поради Лионел Меси.

Имено,, за Меси ова беше последен настап репрезентацијата на Аргентина на домашен терен, па поради тоа донесе и многу емоции. Навивачите пред почетокот на средбата го скандираа неговото име, а Аргентнецот не можеше да издржи да не пушти солзи.

 

Кога е натпреварот во прашање, Меси од домашната публика се збогуваше со два погодоци. Прво го отвори резултатот во 39. минута и така обезбеди водство на полувремето. Во завршницата од натпреварот Лаутаро во 76. минута зголеми на 2-0, додека Меси само четири минути подоцна ги постави конечните 3-0.

Како најголем предизвик во репрезентацијата за Меси сега е одбраната на светската титула на Мундијалот кој наредното лето ќе се игра во САД, Канада и Мексико.

Фото: EPA/ADAN GONZALEZ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот