Фото: Инстаграм

ФОТО+ВИДЕО | Една од најубавите жени на светот, поранешната Мис Универзум е бремена

Поранешната Мис Универзум Оливија Кулпо (32) и ѕвездата на НФЛ Кристијан МекКафри (28) ќе станат родители. Среќната вест Оливија ја објави на својот Инстаграм профил, споделувајќи видео и серија црно-бели фотографии.

„Следното поглавје, мајчинството“, напиша таа покрај фотографиите на кои позира во лелеав фустан, а на кои се гледа трудничкиот стомак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olivia Frances Culpo (@oliviaculpo)

Во видео објавата, пак, парот се држи за раце и оди низ поле, а Оливија носи прекрасен бел фустан и каубојски чизми, кои совршено го надополнуваат нејзиниот труднички стомак. Кристијан, исто така, гордо ги покажа снимките од ултразвукот во видеото.

Веста воодушеви бројни фанови и следбеници, кои на парот упатија честитки и најдобри желби.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olivia Frances Culpo (@oliviaculpo)

Оливија била искрена и за нејзините стравови поврзани со плодноста. Во една епизода од 2022 година од реалното шоу „Сестрите Кулпо“, таа откри дека ги замрзнала своите јајцеклетки.

„Одлучував од страв за иднината. Имав голем притисок врз мојата врска поради плодноста. Таа додаде дека замрзнувањето на нејзините јајцеклетки е „осигурителна полиса“ дека ќе може да има деца кога ќе дојде вистинско време за неа и за Кристијан. Таа објасни дека проблемите со плодноста можат да влијаат на зачнувањето на различни начини.

 

Оливија и Кристијан се венчаа во Воч Хил, Род Ајленд, по пет години врска. Нивната љубовна приказна започна во јуни 2019 година, а нивната врска јавно ја потврдија на Денот на вљубените 2020 година. Оливија во изјава за „Вог“ откри дека бракот за нив бил „завет“.

„Тоа е почеток на остатокот од твојот живот, тоа е заедница и врска на двајца луѓе засекогаш“, рече таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olivia Frances Culpo (@oliviaculpo)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот