Поради неверојатен пропуст на УЕФА се повторува жрепката за ЛШ/ фото: EPA-EFE/PETER POWELL

ФОТО+ВИДЕО: Брутално исмејување поради жрепката за ЛШ, ова се најдобрите шеги!

Жрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите која беше одржана напладне ќе се повторно откако се случи техничка грешка во софтверот кој на официјалните лица им дава инструкции кој клуб против кој клуб може да игра, објави во понеделникот УЕФА.

„По техничкиот проблем со софтверот на надворешен давател на услуги кој им дава инструкции на службените лица кој клуб со кој клуб да игра, настана материјална грешка при ждрепката за осминафиналето на Лигата на шампионите“, се вели во соопштението на УЕФА.

Како резултат на тоа, во 15 часот ќе се повтори целата ждрепка“.

Впрочем, Твитер е полн со смешни реакции од фановите поради неверојатниот пропуст во Нион, Швајцарија.

Во првичната жрепка се дојде до мега дуел помеѓу Лионел Меси (ПСЖ) и Кристијано Роналдо (Манчестер јунајтед).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!