Фото: Инстаграм/Серена Вилијамс

ФОТО+ВИДЕО | Бремената Серена Вилијамс го откри полот на нејзиното второ бебе

Американската тенисерка Серена Вилијамс и нејзиниот сопруг Алексис Оханијан наскоро ќе станат родители по вторпат.

Следејќи ги трендовите, познатата двојка организираше забава на која го открија полот на нивното бебе, а видеото од овој посебен момент за нив го споделија на платформата Јутјуб.

Фото: Инстаграм/Серена Вилијамс

Како што може да се види на видеото, Вилијамс и Оханијан се окружени со своите најблиски и нетрпеливо гледаат кон небото, каде летаат дронови. По некое време, дроновите го формираат зборот „girl“ („девојче“), а среќните родители се радуваат за новиот женски член на нивното семејство.

Како потсетување, тенисерката Серена Вилијамс и основачот на „Редит“, Алексис Оханијан ја започнаа љубовната врска во 2015 година. Оханијан ја запроси Вилијамс една година подоцна, а во ноември 2017 година го кажаа судбоносното „да“. Двојката ја доби ќерката Алексис Олимпија на 1 септември 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот