
ФОТО+ВИДЕО | Бизарно, но вистинито: Јапонецот во костим на куче од 14.000 долари, си најде „куче“ пријател
Јапонецот кој го живее својот живот како куче од расата бордер коли, беше забележан како се дружи со истомисленик облечен во костим на куче од расата хаски. Нивната дружба беше објавена на Јутјуб и станаа вистинска сензација.
Препорачано
Имено, јапонецот Токо, потрошил 14.000 долари за костим на куче. Со ова тој го исполни својот детски сон да го запознае светот од животинска перспектива.
Во меѓувреме, тој стекна армија обожаватели на интернет. Многумина се фасцинирани од неговиот живот и постојано сакаат да знаат повеќе детали.

Сега Токо си ја исполни желбата да најде пријател со кој ќе го поминува времето. Беше објавена снимка од нивната игра која предизвика големо внимание, пишува „Њујорк пост“.
Човекот во костимот на куче од расата хаски не е претставен, исто како што главниот лик на оваа приказна го крие својот идентитет.
Токо и неговиот пријател се поздравуваат со шепите, играат, се тркалаат на подот, а корисниците истакнуваат дека Јапонецот конечно е во „кучешкиот рај“.

„Тој има пријател! Многу ми е мило“, напишал еден корисник.
Сепак, не се сите ентузијасти за оваа приказна. Многумина критикуваат и изразуваат изненадување, бидејќи Токо сакал да „стане“ куче.
Потсетуваме, тој одбра костим на куче од расата бордер коли бидејќи му е омилена раса. Тој ангажирал компанија од Холивуд на која ѝ биле потребни 40 дена за да го направи костимот, а ќе признаете дека изгледа реалистично.
ВИДЕО | Јапонец во костим на куче од 12.000 фунти излезе надвор: „Мојата прва прошетка“