
ФОТО+ВИДЕО | Баба ѝ е Софија Лорен, мајка ѝ позната Србинка: Внуката на италијанската актерка ги маѓепса сите во Париз
Неодамна во Париз во престижниот хотел „Шангри Ла“ се одржа традиционалниот Дебитантски бал на кој секоја година 20 млади дами од највлијателните и најбогатите светски семејства се запознаваат со високото општество. Овој настан за првпат се одржал во Версајската палата во 1958 година и оттогаш традицијата не е прекината. Дебитантите ги избираат самите организатори, а сите треба да носат специјално дизајнирани балски фустани со потпис на една од водечките модни куќи.
Препорачано
Оваа година на балот се истакнаа 20-годишната Епл Мартин, ќерката на Гвинет Палтроу и Крис Мартин, како и Лучија Софија Понти, 18-годишната дама чија баба е познатата италијанска актерка Софија Лорен. Епл, повремено ѝ правеше друштво на Гвинет на настаните во Холивуд, па многумина веќе знаат како таа изгледа, но затоа Лучија беше непозната за пошироката јавност. А, внуката на легендарната италијанска дива е вистинска природна убавица!

Таа на балот пристигна во придружба на младиот италијански гроф Алберико ди Карпења Бриви, и пленеше во елегантна и раскошна креација на брендот „Џорџо Армани“. Познатиот италијански дизајнер не само што е пријател на нејзината баба, туку и имал блиска соработка со Софија Лорен во екот на нејзината кариера.
Лучија блескаше во винтиџ балска тоалета без раменици изработена од сатен со златни и сиви риги и украсена со прекрасен сребрен дезен. Изданието го комплетираше со скапо ланче со смарагди, а се одлучи за понежна шминка и лежерни бранови во косата.
„Мојата баба отсекогаш верувала во безвременската елеганција и важноста да се носат оние работи кои ја одразуваат вашата вистинска личност. Додека растев, таа ме научи на вредноста на едноставноста, добриот крој и додавањето оригинален печат на стилот“, изјавила оваа млада дама на “Хелоу!”
Лучија исто така додала дека плакарот на Софија секогаш бил исполнет со парчиња кои раскажувале приказна и дека таа самата го усвоила тој начин на размислување.
View this post on Instagram
„Сакав фустан во кој ќе се чувствувам самоуверено, но ќе ми биде и удобен за носење. Ги гледав фустаните што ги носеа девојките на балот во претходните години и секоја од нив ја избра онаа што добро ги презентираше. Имав само една желба, да најдам фустан кој ќе ми го направи истото“, истакнала таа.
Инаку, оваа тинејџерка е ќерка на Едоардо Понти, помладиот син на Софија Лорен и неговата сопруга – актерката Саша Александар. Интересно е што Саша всушност има српско потекло и нејзиното вистинско име е Сузана Дробњаковиќ.
Лучија пораснала со нејзините родители во Лос Анџелес, но моментално го посетува Универзитетот Браун, каде што студира историја на уметноста и англиски јазик. Софија Лорен, која сега има 90 години, живее во Женева. Сепак, и покрај тоа што се во оддалечени, бабата и внуката често се гледаат.
Џорџо Армани наполни 90 години: Италијанската дива Софија Лорен му го честиташе роденденот