Фото: Инстаграм/Ања Тејлор Џој

ФОТО+ВИДЕО | Ања Тејлор Џој потврди дека тајно се омажила: Им послужиле торта во форма на човечко срце на гостите

Актерката Ања Тејлор Џој (27) конечно јавно го потврди бракот со Малколм Мекреј (29) и откри дека се венчале во тајност пред две години.

Таа ја сподели оваа вест на Инстаграм, каде му посака „среќна втора годишнина од бракот“ на сопругот и се потсети на нивната венчавка.

„Пред две години, на 1 април, тајно се омажив за мојот најдобар пријател во Њу Орлеанс. Магијата на тој ден е вткаена во секоја клетка од моето битие, засекогаш“, напиша таа во описот на објавата и сподели неколку аналогни фотографии од свадбата.

Фото: Инстаграм/Ања Тејлор Џој

Наведените кадри ја покажуваат актерката во прекрасен фустан на „Диор“, со извезени птици, и неколку фотографии од актерката со нејзината позната пријателка Кара Делевињ.

Она што навистина се издвојува на свадбените фотографии се тортите кои изгледаат како човечко срце.

Фото: Инстаграм/Ања Тејлор Џој

Инаку, Тејлор Џој ретко зборуваше за нејзината врска со Малком откако почнаа да се забавуваат.

Интередно е дека тие успеаја да одржат здрава врска и покрај тоа што живееја на спротивните страни на Атлантикот – актерката претежно живее во Лондон, додека Малком, кој исто така глуми и свири во музичка група, живее во САД.

Фото: Инстаграм/Ања Тејлор Џој

Зборувајќи за нивната врска со британскиот „Вог“ во март 2022 година, Тејлор Џој откри дека му кажала на партнерот дека тоа е нејзино „хоби“.

„Конечно најдов некој кој со задоволство ќе седи во тишина со мене и ќе чита. Всушност, ние сме 7 и 80 години во исто време и тоа многу добро функционира“, објасни таа.

Зборувајќи за врската на далечина, таа истакна дека е тешко, но истакна и дека е и одлично, бидејќи така „го ценат времето што го поминуваат заедно“.

„Секојдневните активности со него се полни со радост. Сакам да одам со него на бензинска пумпа и да точам гориво“, истакнала младата актерка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!