Бојан Миовски („Абердин“)/фото: instagram.com/aberdeenfc

ФОТО+ВИДЕО: Абердин го слави Македонецот, Миовски стрелаше за финале во шкотскиот Лига куп!

Денеска во полуфиналето од Лига купот на Шкотска фудбалерите на Абердин беа подобри од составот на Хибернијан со 1:0.

Немаше голови по првото полувреме, а на стартот од второто Хибернијан успеа да постигне гол, но истиот беше поништен поради офсајд.

Абердин од 75 минута играше со фудбалер помалку поради двата жолти картони на МекКензи. Но, и покрај тоа играчите на Бери Робсон успеаја да дојдат до триумфот.

Во контрапанад Полвара правовремено му асистираше на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски кој ја затресе противничката мрежа за голема радост кај навивачите на Абердин на „Хемпден парк“ во Глазгов.

Второто полуфинале од ова натпреварување ќе се игра в недела помеѓу екипите на Харт оф Мидлотиан и Ренџерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот