Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

ФОТОГАЛЕРИЈА | Поранешниот директор на „Шутка“, Филип Андов – Сокол, седна на обвинителна клупа

Поранешниот директор на Казнено поправната установа Скопје во Шутка, Филип Андов – Сокол и уште седум затворски чувари и надзорници денеска во Кривичниот суд седнаа на обвинителна клупа откако во јули против нив беше поднесено обвинение и се товарат дека пуштале затвореници слободно да се шетаат иако биле осуденици од висок безбедносен ризик.

– Осомничените во период од март до јули 2024, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија, при вршење на нивните овластувања, при што на петмина осуденици им овозможиле погодности што согласно судските одлуки не им следувале. Тие дозволиле осудените да бидат спроведени до нивните домови и до други локации за приватни потреби спротивно на постапката за спроведување на лица лишени од слобода вон установа – соопшти Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција откако го поднесоа обвинението.

Андов беше уапсен на крајот на февруари откако по смената на власта, на чело на Управата за извршување на санкции беше именуван Александар Пандов кој спроведе акција во затворите и утврди злоупотреби во раководењето со затворските установи.

Филип Андов – Сокол беше директор на затворот Скопје од 2020 до јули 2024 година, кога беше разрешен на владина седница. На местото на Андов, за нов директор беше назначен Бобан Утковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот