
ФОТОГАЛЕРИЈА | Од винтиџ модели, кристали и пердуви до беспрекорно конструирани креации: Ѕвездите го освоија црвениот тепих на годинешните САГ награди
Овогодинешните награди САГ се одржаа викендов во Лос Анџелес и за разлика од другите награди, како што се Оскарите или Златните глобуси, кои им оддаваат почит на режисерите, писателите и продукциските тимови, наградите САГ се посветени исклучиво на актерите.
Препорачано
Покрај заслужените награди, престижната церемонија донесе и спектакуларни модни изданија на црвениот тепих, каде актерките и актерите се истакнаа во луксузни креации на водечките светски дизајнери. Оваа престижна церемонија, позната по својата елеганција и софистицираност, беше вистинско модно уживање и оваа година. Црвениот тепих на САГ нагарадите е совршена увертира за најважната модна писта, црвениот тепих на Оскарите.
31-то доделување на наградите уште еднаш докажа дека црвениот тепих е едно од најважните места за модна инспирација. А ѕвездите повторно ги поместија границите на гламурот со своите изданија – од винтиџ креации, кристали, пердуви до беспрекорно конструирани креации.

Како една од најдобро облечените, уште еднаш се истакна актерката од мјузиклот „Злобница“ (Wicked), Синтија Ериво. Познатата актерка, која е амбасадорка на францускиот бренд Луј Витон, овојпат носеше винтиџ креација на Живанши, дизајнирана од величествениот Александар Меквин во 1997 година. Креацијата беше претставена на ревијата на високата мода за есен/зима гореспоменатата година.




Деми Мур, која е во центарот на вниманието со улогата во филмот „Супстанцијата“ (The Substance), овојпат избра црн фустан од Ботега Венета. Многумина беа шармирани од Кеке Палмер, која овој пат одбра фустан од архивата на Шанел од 1985 година. Ана Саваи носеше црвен фустан на Армани по нарачка. Тимоти Шаламе одлучи да биде Боб Дилан на црвениот тепих. Актерот се појави во неонска зелена кошула и црн костум, а во оваа комбинација имавме можност да го видиме и познатиот музичар.

Аријана Гранде и Лоу (Loewe) се секогаш одличен тим, особено кога станува збор за креации по нарачка. Аријана сѐ уште се држи до својата розова тематика и методот на облекување, па нејзината аутфит комбинација повторно се најде на најдобрата листа. Меѓу најдобро облечените беа Ел Фенинг, Никола Кофлан, Памела Андерсон, Селена Гомез и многу други ѕвезди.



