
ФОТОГАЛЕРИЈА | На членовите на крими групата „Беланоца/Барон“ ќе им се суди кај Идризово
Членовите на криминалната група „Беланоца/Барон“ обвинети за сурови мафијашки убиства, со огромно полициско обезбедување беа донесени на судење во Кривичниот суд, но почетокот на судењето се одложи бидејќи тројца од адвокатите на обвинетите не дојдоа.
Препорачано

Судијката Фанка Јанчулева – Михаиловска следното рочиште го закажа за во август и закажа десетина рочишта, но сите ќе се одржуваат во новата судница што неодамна беше отворена во близина на затворот Идризово.
Апсењата се случија на крајот на минатата година, а во мај обвинителството покрена обвинение против девет припадници на групата кои од 2020 до 2024 година нарачувале биства од затвор, а некои ги извршувале од ниски побуди, одмазда, борба за превласт и со загрозување на голем дел луѓе.

Најстарото убиство е од 2014 година, а најзвучни се убиствата во „Шиша бар“ во скопската чаршија кога беа убиени водачите на спротивставената група „Дуќанџик/Грчеец“, Јетон Кривањева – Жила и Енес Ибраимов и убиството на Орхан Бајрами – Оки исто од „Дуќанџик“ кое се случи во Ханиоти, во соседна Грција.
Обвинението е против девет лица, а плус седум се во бегство и за нив е прекината истрагата. Меѓу обвиненитите и Акиф Равманоски познат како Јусуф Акифи кого претседателката Гордана Сиљановска Давкова го помилува, што предизвика огромни реакции во јавноста и Гани Туша осомничен за убиството на Оки. Дополнително истрагата е проширена за уште четири лица, помагачи на убиство и двајца за ново убиство. Нарачател бил и Големи Репки од Батинци.
Во предметот „Бункер“ има две подгрупи, од кои едната е обвинета за четири убиства, од кои две двојни.
Втората подгрупа има посебни три убиства, за кои нарачател е лице од затвор. Едно е двојно убиство, за кое двајца се во бегство. Оваа група, како што беше посочено на брифингот, првично се раководи од изнуди и палење на објекти, како начин да се прикаже сериозноста на заканите. Има и палења на возила, кои се нарачани од затвор, а ги извршуваат млади лица од надвор, за мали пари.


Обвинението е против девет лица, а плус седум се во бегство и за нив е прекината истрагата. Дополнително истрагата е проширена за уште четири лица, помагачи на убиство и двајца за ново убиство, за кои Обвинителство претходно веќе информираше.
Според Обвинителството, во текот на 2020 година, тројца првообвинети создале организирана криминална група со цел извршување на сериозни кривични дела – пред сè убиства и други насилни дејствија.
Организаторите на групата донесувале одлуки и давале конкретни насоки за цели, локации и начин на ликвидација на лица претежно од спротивставената криминална група. Дејствувале со јасна поделба на улоги, а плановите биле спроведувани од други членови – обвинети, починати или недостапни на органите на прогонот, а дел неидентификувани лица.