фото: РФМ

ФОТОГАЛЕРИЈА | Македонија ја совлада Гвинеја за влез во главната фаза на Светското првенство

После ремито со Унгарија и поразот од Холандија, македонската ракометна репрезентација во третиот натпревар од прелиминарната фаза на Светското првенство триумфираше над Гвинеја со резултат 29:20 (14:10).

И со реми избраниците на селекторот Кирил Лазаров можеа да го обезбедат пласманот во главната фаза каде за ривали ќе ги имаат Франција, Австрија и Катар.

Гвинејците се покажаа како достоен ривал во текот на првото полувреме, на стартот од мечот имаа минимална позитива.

А потоа ние одржувавме предност од еден гол, а африканскиот претставник постепено доаѓаше до егал.

При наша негатива од 7:6, направивме серија од 6:2 што се покажа како клучно за крајниот епилог. На паузата заминавме со водство од 14:10.

фото: РФМ

Од стартот на второто полувреме само ја зголемувавме позитивата која достигнуваше до „плус шест“ (16:10).

Нападот подобро функционираше, противникот немаше решение за нашата цврста одбрана и тоа резултираше за уште поголема позитива на „плус девет“ (20:11).

До крајот само рутински се одработуваше задачата одржувајќи осум-девет голови разлика за прва победа на Мундијалот.

Нашиот најефикасен ракометар во денешниот триумф беше Филип Кузмановски со 12 голови, а воедно беше и прогласен за играч на натпреварот.

фото: РФМ
фото: РФМ
фото: РФМ
фото: РФМ
фото: РФМ
фото: РФМ
фото: РФМ
фото: РФМ
фото: РФМ
фото: РФМ
фото: РФМ
фото: РФМ
фото: РФМ
фото: РФМ
фото: РФМ
фото: РФМ
фото: РФМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!