Фото: „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ

ФОТОГАЛЕРИЈА | „Барселона џипси Балкан оркестра“ и сицилијанската пејачка Маргерита Абита ја воодушевија македонската публика со изведбата на „Море сокол пие“

„Барселона џипси Балкан оркестра“ (Barcelona Gipsy balKan Orchestra – BGKO) синоќа публиката во Македонската филхармонија ја однесоа на едно уникатно музичко патување. Воодушевената публика доживеа уникатно и автентично искуство.

Фото: „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ

Музичарите, заедно со сицилијанската пејачка Маргерита Абита синоќа особено воодушевија со изведбата на „Море сокол пие“. Начинот на кој Маргерита ја отпеа оваа традиционална песна, на чист македонски јазик ги собра симпатиите на публиката, и тоа не само на домашната.

Неверојатната Маргерита Абита и пред светот го претставува безвременскиот класик „Море сокол пие“.

Фото: „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ

Публиката со големо воодушевување ги пречека музичарите и пејачката и заедно со нив пееше и танцуваше.

Гостинка на „Барселона џипси Балкан оркестра“ на синоќешниот концерт им беше Зарина Првасевда. Зарина во дует со Маргарита ја испеа „Седна баба да вечера“, а присутните со силен аплауз ги поздравија двете фантастични пејачки.

Фото: „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ

Маргерита, која на членовите на бендот им се придружи во ноември 2019 година и донесе нови вкусови, свежа енергија и нова суштина во оркестарот, што зад себе има 7 студиски албуми, настапи во повеќе од 40 земји и лојална база на фанови на BGKO Јутјуб-каналот, во Скопје дојде со Иван Ковачевиќ (контрабас, Србија), Алберт Енкаминанко (перкусии, Шпанија), Жулиен Шанал (гитара, Франција), Чави Пендон (кларинет, Шпанија), Олександр Сора (виолина, Украина) и Фернандо Салинас (хармоника, Шпанија).

Фото: „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ

БГКО е меѓународна формација од која произлегуваат најдобрите аранжмани, каде што секој инструмент има свое место и простор. Текстурите и тембрите се фино измешани во служба на секоја песна, од евоцирање емоции до френетичен транс ритам, а интересно е дека на нивниот репертоар свое место имаат и неповторливите „Море сокол пие”, „Македонско девојче”, „Kaleja Jaca“, ведрата и танцувачка румба на Есма Реџепова-Теодосиевска…

Фото: „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ
Фото: „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот