Софија Вергара/Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО+ВИДЕО | Жешката Софија Вергара не седи мирна: Актерката има ново момче, 14 години помладо од неа

Познатата актерка Софија Вергара (53) е видена во друштво на потенцијално ново момче, папараците ги фотографираа додека си заминуваа од концерт и изгледаа многу опуштено и интимно.

Ова може да биде нова врска за убавата Колумбијка по разводот од Џо Манганиели, со кого помина седум години во брак.

Софија била во друштво на бизнисменот Даглас Чабат (39), како што објави „Њујорк пост“, а младиот претприемач претходно беше виден со Вергара во текот на прославата на нејзиниот роденден во Сардинија, а денот пред настанот, Вергара ја сподели емотивната порака што ѝ ја испратил на социјалните мрежи.


Со оглед на тоа дека ова не е првпат да бидат видени заедно, гласините за новата врска се сè посилни.

Двојката е забележана и на други настани во странство, вклучувајќи ги Рим и Кан, што дополнително ги поттикнува шпекулациите за нивната врска.


За Вергара, оваа врска доаѓа по кратката романса со ортопедскиот хирург, д-р Џастин Салиман, која следеше по нејзиниот јавен развод од Манганиело во 2024 година.

Инаку, Чабат е доста познат во Холивуд, многу се дружи со актерите Орландо Блум и Дакота Џонсон.

Софија Вергара во една прилика и зборуваше за тоа што сега очекува од љубовта, но и каков партнер бара, останува да се види дали сето тоа го пронашла во Даглас, кој е 14 години помлад од неа.

„Сакам основни работи, како здравје и некој што ме сака. И некој висок, згоден. Сакам некој што има пари колку мене или повеќе, бидејќи во спротивно тоа е кошмар. Почнуваат да ти забележуваат“, рекла Вергара еднаш во емисијата „Тудеј“.

Дали Софија Вергара ги потврди гласините за ново момче? Актерката повторно „фатена“ во прегратка на згоден маж

ФОТО | „Летна романса“: Софија Вергара ужива покрај згодниот спортист на Ибица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот