Вардар пресушен во Гостивар/Фото: Гостиварпрес

ФОТО | Жална слика од Гостивар: Вардар без вода, коритото полно со камења и отпад

Жална и загрижувачка е сликата изминатите денови на реката Вардар во Гостивар. Реката е речиси пресушена, особено во поширокиот дел, а коритото е полно со камења, пишува „Гостиварпрес“.

По коритото може да се види разновиден отпад, од цели ќеси и вреќи со ѓубре, пластични амбалажи, кутии, обувки…

Вардар пресушен во Гостивар/Фото: Гостиварпрес

Граѓаните алармираат и реагираат за лошата состојба на реката, стравувајќи од еколошка катастрофа од поголеми размери прашуваат „Зошто Вардар е оставен без вода?“.

Од АД ЕСМ отфрлаат одговорност за нивото на водата во реката Вардар и наведуваат дека по барање на фирма заради градежни зафати, мавровските хидроелектирани привремено не работат, но, како што појаснуваат, хидроелектраните не го обезбедуваат и не можат да влијаат на биолошкиот минимум на реката.

Вардар пресушен во Гостивар/Фото: Гостиварпрес

„Имено, по барање на градежната компанија „Пелагонија” од Гостивар која врши санација на мостот на излезот од Гостивар на регионалниот пат кон Кичево и Охрид, поради изведување на бетонски работи во непосредна близина на коритото на реката Вардар, хидроелектраните се привремено надвор од функција. Овој прекин во производството на електрична енергија започна на 15 септември и ќе заврши на 30 септември. Во овој контекст, би сакале да појасниме дека хидроелектраните во Маврово не го обезбедуваат, ниту пак можат да влијаат на биолошкиот минимум на реката Вардар. Нашите оперативни процедури се различни од природниот тек на реката и не се причина за нејзината моментална состојба. Нашите операции се спроведуваат во целосна согласност со сите еколошки регулативи и законски барања, и отфрламе било каква одговорност за природните флуктуации на нивото на водата во реката Вардар.“, се вели во ставот од ЕСМ.

Од подружницата на водостопанство во Гостивар за Гостиварпрес изјавија дека моментално главниот канал за наводнување им е исклучен и дека периодов речиси и да не користат вода од Вардар за наводување на нивите.

„Не е до нас, сега скоро и да не црпиме вода од реката за наводнување, сезоната помина“, рече раководителката на подружницата, Јулијана Николиќ.

Пред неколку дена на социјалните мрежи се појавија и фотографии и видеа од изумрени риби во Вардар во Гостивар.

До сега ниедна инспекциска служба не излезе со официјална информација околу проблемот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот