
ФОТО | Згодна, успешна и ќе наследи десетици милијарди долари: Ќерката на Стив Џобс блесна во шик комбинација на Модната недела во Милано
Ќерката на Стив Џобс и наследничка на „Епл“, Ив Џобс, 27-годишна манекенка, изгледаше лежерно, но шик и софистицирано на Неделата на модата во Милано, објавува „Дејли мејл“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Имено, ќерката на Џобс блескаше во лежерна елеганција во ролка, која ја комбинираше со црно сако и широки панталони.
Манекенката, која неодамна се омажи за британскиот јавач на коњи Хари Чарлс, е најмладата од децата на покојниот Стив и Лорен Пауел Џобс. Како и нејзините родители, таа дипломирала на Универзитетот Стенфорд во 2021 година, каде што студирала наука, технологија и општество, но подоцна одлучила да продолжи кариера во манекенството. Своето деби на писта го имаше на Неделата на модата во Париз, на ревијата „Коперни“ во септември истата година.
Оттогаш Ив позираше за неколку големи брендови, вклучувајќи ги „Глосие“, „Луј Витон“ и списанија како „Вог“ и „Венити фер“. Покрај нејзината кариера како модел, Ив е и искусен јавач на коњи и беше прогласена за „Јавач на месецот“ во март 2017 година. Таа се натпреварувала на коњички настани низ целиот свет, а во 2019 година, списанието „Хорс спортс“ ја рангираше како петта најдобра жена јавач под 25 години во светот.
View this post on Instagram
Инаку, Ив се омажи за Хари во јули. Тоа беше идилична свадба во Котсволдс пред да го поминат медениот месец на грчкиот остров Милос. Пред нејзината врска со Хари, Ив беше поврзана со мексиканскиот јавач и студент по бизнис на Универзитетот во Мајами, Еугенио Гарза Перез, а се шпекулираше и дека излегувала со пејачот Хари Хадсон, членот на „Чеинсмоукерс“, Дру Тагарт, и ѕвездата на „Аутер бенкс“, Чејс Стоукс.
Ив и Хари почнаа да се забавуваат во 2022 година и се свршија минатиот септември. Лорен Пауел Џобс наводно потрошила 6.7 милиони долари за да ја направи четиридневната свадба на нејзината ќерка свадба на годината. Церемонијата се одржа во Грејт Тју, на која присуствуваа голем број познати личности. Дури и ќерката на Брус Спрингстин, Џесика, беше една од деверушите.
Фотографиите од Ив Џобс во Милано може да ги погледнете ТУКА.
ФОТО | Ќерката на Стив Џобс ќе се мажи: Кој ја финансира свадбата проценета на 6,7 милиони долари?