Фото: Arturo Holmes / Getty images / Profimedia

ФОТО | Зендаја се надмина себеси: Се појави полугола во проѕирен фустан без долна облека

Познатата актерка Зендаја се погрижи сите погледи да бидат вперени во неа кога се појави во смел златен фустан на 39-тата церемонија за воведување во Куќата на славните на Рокенролот. Младата актерка ѝ оддаде почит на 78-годишната музичка дива Шер, а во исто време изгледаше, во најмала рака, сензационално.

Фото: Arturo Holmes / Getty images / Profimedia
Фото: Arturo Holmes / Getty images / Profimedia

Тесниот проѕирен фустан се состоеше од минијатурен горен дел кој ризично ги покриваше нејзините гради и долг проѕирен долен дел што ѝ стоеше ниско на колковите, а исто така изгледаше како здолниште. Во исто време, нејзиниот стомак беше откриен, а изгледа дека убавицата не носела ниту долна облека.

Станува збор за фустан на американскиот дизајнер Боб Меки од колекцијата од 2001 година.

Престижниот моден магазин „Вог“ смета дека актерката се надминала себеси со ова модно издание, а благодарение на соработката со стилистот Ло Роуч, таа стана еден вид модна икона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот