Фото: Царинска управа

ФОТО | Запленети цигари, марихуана, суплементи, парфеми, алкохол

Вкупно 40 штеки цигари, пет грама марихуана, 2.700 ќесички суплементи, 17 парфеми, 7.500 евра, 600 пакувања со вештачки трепки, 35 литри алкохолни пијалаци и разна друга стока, е запленета во текот на изминатите денови, во случаи на откриени прекршочни дела, при што против сторителите е спроведена соодветна постапка, соопштија попладнево од Царинската управа.

-Најголем дел од случаите се откриени од мобилните тимови, кои при контроли, извршени на граничните премини и во внатрешноста на државата, открија и спречија повеќе прекршочни дела. Вкупно 40 штеки цигари и 17 парфеми, се откриени на Меѓуградската автобуска станица – Скопје при контрола на автобус со турски регистарски таблички, што сообраќал на редовната линија Истанбул – Гостивар. Непријавените производи биле пронајдени на повеќе места во внатрешноста на автобусот – фиоката над возачот, зад возачкото седиште, во фиоката над предните скали, под и на претпоследните седишта и во просторот за одмор на возачите – се наведува во соопштението.

Фото: Царинска управа

Пет грама опојна дрога марихуана била откриена при контрола на патнички кампер со швајцарски регистарски таблички со што француски државјанин се пријавил за влез во државата на граничниот премин „Блаце“.

-При претрес на возач на автобус на граничниот премин „Табановце“, откриени се непријавени 9.500 евра. На лицето, македонски државјанин, согласно законските прописи му се вратени две илјади евра, а останатите 7.500 евра се запленети – се додава во соопштението.

Во друг случај на граничниот премин „Табановце“, мобилен тим при контрола на камион со скенер, открил разна стока што не била пријавена меѓу која и опрема за уредување на домот.

-При контрола на минибус на влез во државата на граничниот премин „Блаце“ се откриени дури 2.700 ќесички со суплементи „Arabesca genitals“ и „Arabesca slim mix“, кои биле скриени на различни места во возилото. Возачот на минибусот, изјавил дека пронајдената стока е пратка што требало да ја достави на лице во Скопје – се додава во соопштението.

Фото: Царинска управа

Вкупно 600 пакувања со вештачки трепки биле пронајдени при контрола на патните торби на италијанска државјанка, која допатувала на Меѓународниот аеродром – Скопје со лет од Рим.

-При контрола на стока со потекло од Турција, наменета за фирма од Гостивар, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 4 се запленети 120 пара чорапи со ознаки на заштитена трговска марка поради основано сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост – пишува во соопштението.

Фото: Царинска управа

Во други случаи пак, царински службеници на граничните премини „Дојран“ и „Табановце“, откриле прекршочни дела при што запленети биле употребувана пумпа, 35 литри алкохолни пијалаци, 117 парчиња облека, како и разна друга стока.

Фото: Царинска управа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот