Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

ФОТО | Заљубени „до уши“: Кијану Ривс разменуваше нежности со својата долгогодишна девојка во Лондон

Актерот Кијану Ривс и неговата девојка Александра Грант беа „уловени“ додека уживале на ручек во Лондон, пренесува „Пејџ сикс“. Двојката си разменувала нежности, па дури и споделила неколку бакнежи додека јаделе и пиеле вино.

На фотографиите Ривс е насмевнат и воодушевено и внимателно ја слуша Грант додека зборува. Тие подоцна дури им се насмевнаа на фотографите додека одеа држејќи се за раце.

Да потсетиме, двојката првично ја чуваше во тајност својата врска, а наводно се запознале на вечера во 2009 година. Подоцна соработувале на две книги – „Ода на среќата“ од 2011 година и „Сенки“ од 2016 година. Иако присуствуваа на гала вечер на УНАИДС во 2016 година, тие ја започнаа романтичната врска дури во 2019 година.

Тогаш актерката Џенифер Тили изјави дека Ривс и Грант се забавувале со години, но дека никој не знаел. Во 2023 година, Грант искрено зборуваше за заљубувањето.

„Добрата вест за заљубувањето како возрасен е тоа што изградив сопствена кариера до почетокот на врската. Се чувствувам многу самоуверено со партнерот на црвениот тепих. Се чувствувам самоуверено кога сум сама“, рекла Грант.

ФОТО | Секогаш свој, непроменет од славата: Кијану Ривс се прошета со шноли на главата низ Берлин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот