
ФОТО | За 50.000 долари тестираат ембриони и ги бараат оние со највисок коефициент на интелигенција
Американска компанија на богатите Англичани им наплаќа по 50.000 долари за услугата за тестирање до 100 ембриони, а меѓу нив ги бараат оние со највисок коефициент на интелигенција, а експертите велат дека тоа е „етичко минско поле“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Калифорнискиот старт-ап „Хелиоспект Геномикс“ (Heliospect Genomics), еден од пионерите во областа на „генетското предвидување“, им нуди на богатите парови да ја тестираат интелигенцијата на нивните ембриони, објави британскиот дневен весник „Гардијан“.
US startup charging couples to ‘screen embryos for IQ’ https://t.co/f53OP9pjzu
— Guardian news (@guardiannews) October 18, 2024
Според „Гардијан“, компанијата „Хелиоспект Геномикс“ работела со повеќе од десет парови кои биле подложени на ин витро оплодување (ИВФ).
До тој заклучок дошле благодарение на тајните видеа, кои откриле дека за ваков тип на услуга оваа компанија наплаќа 50.000 долари на клиенти кои сакаат да тестираат 100 ембриони.
Менаџерите на „Хелиоспект“ се пофалија дека нивните методи може да доведат до зголемување од повеќе од шест IQ поени.
Експертите ја карактеризираа нивната услуга како „етичко минско поле“.
Информациите произлегле од видеата направени од кампањата на групата „Hope Not Hate“, која тајно истражува различни групи активисти и академици.
„Гардијан“ ја прегледа снимката и спроведе дополнително истражување заедно со „Hope Not Hate“.
„Се чини дека снимката покажува експериментални техники за генетска селекција кои им се нудат на потенцијалните родители. Вработен во Heliospect изјави дека паровите можат да рангираат до 100 ембриони врз основа на коефициентот на интелигенција и други посакувани особини, вклучувајќи пол, висина, ризик од дебелина и ризик од ментална болест“, изјави анонимен извор од групата „Hope Not Hate“.
Компанијата соопшти дека алатките за предвидување се изградени со помош на податоци обезбедени од британската „Биобанк“ – банка на генетски материјал.
Таа банка ја финансираат даночните обврзници, содржи донации од половина милион британски волонтери, а формирана е со цел да се споделуваат податоци само за проекти кои се „од јавен интерес“.