
ФОТО | Вучиќ го прими Стивен Сигал: Србија, втора земја на холивудскиот актер
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска се сретна со познатиот актер Стивен Сигал.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Во срдечен и пријателски разговор со Стивен Сигал ги разгледавме можностите за зајакнување на културната и уметничката соработка, како и за начините на кои Србија може дополнително да биде промовирана на меѓународната сцена. Разговаравме и за можни заеднички проекти во кинематографијата, медиумските партнерства и промовирањето на инвестиции во културната индустрија. Му се заблагодарив на г-динот Сигал за неговата искажана љубов кон Србија и неговата подготвеност да ја искористи својата репутација и популарност со цел афирмација на нашата земја во светот. Неговото определување да ја доживува Србија како своја втора татковина, нам ни претставува голема чест и обврска заеднички да работиме за зајакнување на културните и хуманитарните проекти. Србија секогаш ќе биде отворена за уметници и пријатели од целиот свет. Верувам дека ваквите средби придонесуваат за ширење на добриот глас за нашата земја и за зајакнување на мостовите на пријателство, соработка и меѓусебно почитување“, напишал Вучиќ на својот официјален инстаграм-профил со заеднички фотографии.
View this post on Instagram
ВИДЕО | Стивен Сигал присуствуваше на парадата во Москва: Актерот е долгогодишен поддржувач на Путин