Протест на вработените во „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

ФОТО | Вработените во „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ повторно го блокираа Скопје поради неисплатени плати

Вработените во ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје и во друштвата „Флораком“ и „Луна“, фирми-ќерки на ова претпријатие, денеска повторно излегоа на протест бидејќи сѐ уште не им е исплатена платата за август. Тие блокираа неколку раскрсници во Скопје – на мостот „Гоце Делчев“ и булеварите „Илинден“ и „Партизански одреди“, како последно предупредување за решавање на проблемот.

Протест на вработените во „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

– Согласно нашето барање, изнесено на вчерашниот протест од страна на раководството на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје, не беше исплатена платата за август, која законски требаше да биде исплатена до 15 септември. За жал, по информациите кои ги добивме изгледите за да се исплати денес плата на вработените од овие фирми се мали и затоа ние како Синдикат СУТКОЗ; кој е единствен репрезентативен синдикат за комунални дејности, заедно со нашата синдикална организација во ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје и вработените во овие три фирми; утре повторно ќе излеземе на протест, кој ќе биде порадикален. Ќе бидат блокирани повеќе кртосници во Скопје, а тоа ќе го договориме со вработените во овие три претпријатија – изјави вчера за МИА претседателот на Синдикатот на СУТКОЗ (Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Република Македонија), Стојанче Кашиковски.

Протест на вработените во „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

Тој информираше дека како синдикат, заедно со стручниот тим во ЈП „Паркови и зеленило“, иницирале да се изнајде нов модел за финансирање на претпријатието, по искуствата од соседните земји.

Протест на вработените во „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ
Протест на вработените во „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ
Протест на вработените во „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ
Протест на вработените во „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот