Илуустративно фото: Фејсбук

ФОТО: Водно запоседнато од змии, граѓаните апелираат на внимателност

По големите дождови што паднаа во изминатиов период низ земјава но и во Скопје кои пак на одредени места предизвикаа поплави, граѓаните се соочуваат со уште една опасност, а тоа се змиите.

Имено, еден наш сограѓанин не предупреди дека случајно налетал на змија додека се качувал по патеката кон Водно.

-Препорака за сите што планинарите периодов поради топлите временски услови има зголемен број на змии, препорачливо е да носите високи кондури, стапчиња за планинарење и секогаш гледајте пред севе, зошто змиите се опасни само ако ги нагазите – вели во објавата на социјалните мрежи скопјанецот.

Според досегашната статистика на оваа тема на клиниката за инфективни болести најмногу каснувања од змии има во мај, јуни и јули.

Инаку според биолозите, Македонија и покрај тоа што е мала по површина, таа е една од ретките земји во светот каде што според биодиверзитетот се регистрирани 16 видови змии што претставува речиси 80 % од сите видови на змии во светот. Некои од нив се балканскиот, жолтиот, планинскиот и леопардовиот смок, потоа поскокот, остраглавата и други.

Во меѓувреме во нашата земја има неколку вида на отровници, па докторите досега на повеќе пати препорачуваат оние што ќе бидат каснати, да не ги фаќа паника, туку веднаш да се јават на лекар и да го примаат потребниот противотров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!