Фото: Инстаграм/„Вог“/Profimedia

ФОТО | Во интервју за „Вог“: Џиџи Хадид првпат проговори за љубовта со Бредли Купер

Манекенката Џиџи Хадид ретко зборува за својот приватен живот, но во неодамнешното интервју за модното списание „Вог“ откри неколку детали за својата врска со холивудската ѕвезда Бредли Купер.

Хадид откри дека првпат се запознала со Купер на роденденска забава на дете на заеднички пријател. Оттогаш, нивната врска се развила во нешто што таа го опишува како „многу романтично и среќно“. Сепак, истакна дека постојат одредени аспекти од љубовната приказна што сака да ги задржи за себе.

Иако 29-годишната манекенка вели дека не сака да споделува сè со јавноста, сепак не штедеше зборови за пофалби кон 50-годишниот Купер.

„Го почитувам многу како креативец“, изјави таа, нагласувајќи дека тој постојано ја охрабрува и ѝ влева самодоверба.

„Кога луѓето кои ги почитуваш те охрабруваат, тоа може да создаде голема верба во себе. Те тера да се обидеш, да преземеш ризик“.

Фото: Инстаграм/„Вог“

Една од работите што Купер ја внел во нејзиниот живот е љубовта кон театарот.

„Бредли ме поттикна да одам повеќе во театар, а тоа е нешто што ми недостасуваше“, призна Хадид.

Манекенката истакна дека се чувствува среќна што ја пронашла оваа љубов во фаза од животот кога знае што сака и што заслужува во врска.

„Клучно е да стигнеш до точка во животот кога јасно знаеш што бараш кај партнерот. А кога ќе најдеш некого што, исто така, го знае тоа и заеднички работите на себе за да бидете најдобрите партнери еден за друг, тогаш навистина можеш да се сметаш за среќен човек“, вели Хадид.

Фото: Инстаграм/„Вог“

Бидејќи двајцата се големи ѕвезди, нивната врска не е имуна на љубопитноста на јавноста. Хадид призна дека не е лесно да се изгради нормална врска кога си под будното око на медиумите.

„Дури и за моите пријатели кои не се јавни личности, запознавањето со некого е тешко. Каде одиш? Како почнуваш разговор со некого?“, прашува таа.

Освен тоа, тука е и прашањето на приватноста и безбедноста.

„Сакаш да веруваш дека луѓето нема да повикаат Ти-ем-зи или да објават нешто на ‘Димуа’, но никогаш не знаеш“, признава Хадид.

Фото: Инстаграм/„Вог“

Сепак, и покрај сите шпекулации во медиумите, вели дека најчесто не обрнува внимание на гласините: „Мораш едноставно да го пуштиш; не можеш секогаш да исправуваш сè“.

Џиџи Хадид и Бредли Купер беа првпат видени заедно во есента 2023 година, а нивната врска доби сé повеќе внимание со текот на времето. Во јануари годинава беа фотографирани како се држат за раце во Лондон, а неколку пати беа забележани и во Њујорк.

Иако Купер ретко се појавува во јавноста кога станува збор за нивната врска, Хадид неодамна откри дека тој ја поддржува во секој нејзин чекор

„Вечерва гледа од дома. Тој е на должност како татко, но многу поддржувачки“, изјави таа во интервју пред модното шоу на „Викторијас сикрет“.

ФОТО | Бредли Купер и Џиџи Хадид страсно се бакнуваат на јахта во Италија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот