
ФОТО | Внукот на Грејс Кели воодушеви на ревија на „Гучи“: Неговата карактеристична убавина го прави најпосакуваниот кралски ерген
Александре Кост Грималди (21) е надежно име во светот на високата моса, момче со убаво и карактеристично лице, кое привлекува големо внимание – делумно поради неговиот изглед, а делумно поради тоа што е синот на принцот Алберт од Монако.
Препорачано
Со своето појавување на ревијата на модниот бренд „Гучи“, во рамки на Модната недела во Милано, наследникот на принцот Алберт ја воодушеви публиката и, според многумина, тој е новиот најпосакуван кралски ерген во светот.


Да потсетиме, тој е плод на љубовта на поранешната стјуардеса Никол Кост и принцот Алберт од Монако.
Никол Кост е родена во 1971 година во Того и работела како стјуардеса во „Ер Франс“ кога го запознала принцот Алберт во 1997 година. Тие имале петгодишна тајна врска. Александре, нивниот син, е роден во 2003 година и беше официјално признат од принцот Алберт во јули 2005 година, само неколку дена пред Алберт официјално да стане монарх на Монако.
Самата Кост ја објави веста во експлозивно интервју за „Пари мач“, во кое откри дека живеела со нивниот син во станот на принцот во Париз и добивала годишен додаток од Алберт. Сепак, и покрај официјалното признавање на Александре од страна на Алберт, бидејќи парот никогаш не се венчал, тој никогаш не може да стане наследник на тронот.
Пред три години, Кост даде второ интервју за „Пари мач“ каде изјави дека принцот Алберт секогаш ја преземал својата татковска одговорност. Таа, исто така, се изјасни против тврдењата за „нелегитимноста“ на Александре. „Тој е роден од љубов и препознаен. Во тоа сум убедена“, изјавила таа за магазинот.
„Пред да забременам, уживав во петгодишна врска со неговиот татко, доволно долга за да стекнеме меѓусебна доверба. Некоректно и навредливо е да се продолжи да се вели или пишува дека нашиот син е вонбрачно дете . На обичен француски, и според Граѓанскиот законик, тоа би значело дека и двајцата негови родители биле во брак со други луѓе во времето на неговото раѓање, и дека, згора на тоа, тој нема да биде признаен. Но, тоа во никој случај не беше случај. Александре е роден две години пред да започне романсата меѓу неговиот татко и Шарлин во декември 2005 година. Сакам да го истакнам ова бидејќи ова сомневање дозволи печатот да продолжи да верува дека мојот син е вонбрачен“, изјави таа.
Во своето прво интервју, младото момче потенцираше дека работи на својата врска со татко му.
„Се стремам да работам на врската со татко ми и да станам глобален амбасадор на Монако и да ги вратам деловните можности во Монако, за што разговарав со него“, озјави Грималди за „Татлер“ за деловното партнерство со неговиот татко.
Грималди изјави дека неговото мешано наследство му овозможило да истражува различни делови од неговиот идентитет.
„Имав задоволство да бидам израснат во две култури и тоа да биде дел од мојот идентитет“, рече тој, додавајќи дека неодамна ја посетил родната земја на неговата мајка, Того.
Минатата година, тој сакаше да се пресели во Њујорк за да ги продолжи студиите на Универзитетот во Њујорк или Фордам. Грималди, исто така, планира да се занимава со добротворна работа и ќе се обиде да има влијание врз оние што се помалку привилегирани од него, работејќи со локални организации како што е Клубот за момчиња и девојки од Бруклин.