Светлана Панкратова, Хе Пингпинг / Фото: Твитер / ЕПА

ФОТО | Влезе во Гинисовата книга на рекорди бидејќи нејзините нозе беа долги 132 см: Светлана застана до најмалиот човек на светот и создаде историски момент

Гинисовата рекордерка Светлана Панкратова од Русија, стана светски позната на почетокот на 2000-тите кога Гинисовата книга на рекорди ја прогласи за жена со најдолги нозе во светот, поточно неверојатни 132 см, пишува „Нова.рс“.

Уште како тинејџерка, Светлана била свесна дека има долги нозе бидејќи ѝ било невозможно да најде соодветна должина на панталоните. Рекордот на Светлана подоцна го собори нејзината сонародничка Екатарина, која ја победи за 2 см, односно должината на ногата на Екатарина е дури 134 см. Моментално најдолгите женски нозе припаѓаат на Мејси Курин од САД и се со големина 135 см.

Фото: EPA/MARCELO SAYAO

Светлана се најде на насловните страници кога влезе во Гинисовата книга на рекорди како жена со најдолги нозе на светот. Секако, штом ѝ се толку долги нозете, мора и стапалата да ѝ се долги, па Светлана мора да носи чевел број 46.

„Никогаш не обрнував посебно внимание на моите нозе, знаев дека се долги, но тоа е се“, признала Светлана.

Светлана е помошник тренер во американска гимназија, а пред тоа играла кошарка за Португалија, Израел и Шпанија. Таа престанала да се занимава со професионална кошарка, а се повлекла од спортот во 2000 година.

Долгоногата Русинка е родена во 1971 година во Волгоград и била највисока меѓу своите врсници како девојче. Тогаш децата ја задевале поради долгите нозе, но денес таа е горда на своето тело. Дури кога била тинејџерка сфатила дека има многу долги нозе бидејќи едвај можела да најде панталони кои и прилегаат.

Фото: EPA/ANDY RAIN

Во 2008 година, Светлана се појави во Лондон на плоштадот Трафалгар со најнискиот човек на светот, Кинезот Хе Пингпинг, за да го промовира новото издание на Гинисовата книга на рекорди. Тој за жал почина во 2010 година, а беше висок само 74 см. Фотографиите направени со Светлана, висока 195 сантиметри, беа атракција во тоа време.

Светлана долго време живееше во Шпанија додека не се омажи и се пресели во Вирџинија, а нејзините долги нозе сè уште се нејзин заштитен знак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот