Фото: GJN/GTRES / Shutterstock Editorial / Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | Шпанската принцеза во униформа: Идната кралица Леонор на воена обука

Шпанската принцеза Леонор пристигна на Пиринеите каде во наредниот период ќе посетува воена обука, пишува „Дејли мејл“.

„Како и во сите парламентарни монархии, престолонаследникот мора да има воена обука. Во догледно време, жена ќе биде врховен командант на вооружените сили. Во последните неколку години, вложуваме големи напори да ги вклучиме жените во вооружените сили“, изјави претходно министерката за одбрана Маргарита Роблес.

Фото: GJN/GTRES / Shutterstock Editorial / Profimedia

Принцезата Леонор, која го прослави својот 18-ти роденден во октомври изгледаше целосно подготвена додека ги завршуваше воените вежби на снежните планини во Шпанија.

Кога пристигнала во ски-центарот на Пиринеите, идната кралица била облечена во маскирна јакна со патент на која било зашиено шпанското знаме на раката.

Во октомври Леонор положи заклетва и на тој начин го доби основниот услов да стане кралица на Шпанија. Во полната сала на Конгресот на Шпанија, на церемонијата на полагање заклетва, беа присутни бројни официјални претставници, меѓу кои и премиерот на земјата, Педро Санчез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот