
ФОТО+ВИДЕО | По откажувањето на венчавката Сидни Свини оди на луди забави со Парис Хилтон
Актерката Сидни Свини (27) уживаше во друштво на Парис Хилтон на фестивалот „Стејџкоуч“, набргу откако ја откажа својата венчавка со филмскиот продуцент Џонатан Дејвин, пишува „Пејџ сикс“.
Препорачано
View this post on Instagram
Актерката, која многумина ја нарекуваат најсексапилната жена на денешницата, беше видно расположена додека позираше со Хилтон. За таа прилика избрала краток бел комбинезон без ракави, кој го комбинирала со беж корсет и чизми, додека Парис облекла розов комбинезон со кристали, координиран со чизми, ланче и голема тока за ремен.
Заедно со Хилтон и Свини, на фотографиите се придружија и пејачката Лизо и познатата тетка на актерката, Кајл Ричардс.
За потсетување, на почетокот на март, Свини реши да ја откаже претстојната венчавка со Дејвин, со кого изгледа дека остана во пријателски односи, откако беа видени заедно на ручек во Лос Анџелес на почетокот на месецот.
Раскинувањето со нејзиниот долгогодишен партнер се случи уште во јануари, главно поради, како што беше претходно наведено, нејзината кариера и многу напорниот работен распоред.
“Таа не е подготвена да се смири. Тие издржаа само толку долго бидејќи ѝ беше тешко да се раздели. Не раскинаа затоа што немаше љубов, туку затоа што таа сега сака да се фокусира само на кариерата”, рекол изворот.