
ФОТО+ВИДЕО | Осумгодишната Мила е во љубовна врска со 13 годишно момче – Тоа е „најнормално“ за нејзината мајка
Украинската јавност е шокирана, откако полицијата започна да го истражува случајот со 8-годишната инфлуенсерка и детски модел Милана Мила Маханец, која е во љубовна врска со 13-годишното момче Паша, исто така ифлуенсер, што е „со целосен благослов“ од мајката на малолетната Дарја.
Препорачано

На социјалните мрежи, двајцата малолетници споделуваат фотографии на кои се прегрнуваат и бакнуваат, а мајката на девојчето е децидна дека не прават ништо незаконско.
Александар, таткото на малата Мила, тврди дека не знаел ништо за активностите на неговата малолетна ќерка на социјалните медиуми, дека не е информиран за таквото однесување и вели дека е „шокиран“.

Мајката на девојчето, Дарја Маханец, откако тамошните, но и светските медиуми започнаа да пишуваат за врската на нејзината ќерка, реагираше со исклучување на можноста за коментарање под објавите на Мила.
Милиони следбеници
Малолетната инфлуесерка има речиси седум милиони следбеници на платформата Ликеа, која наликува на ТикТок, а покрај украинската младина, има голем број следбеници и од Русија. Од друга страна, уште половина милион луѓе ја следат на Инстаграм.

Осумгодишното девојче не само што активно блогира под покровителство на нејзината мајка Дарја, туку работи и како детски модел на бројни модни ревии.
Неодамна, на сопствениот инстаграм-профил, во сега избришана објава, таа откри дека стапила во романтична врска со 13-годишниот блогер Паша Пел од Москва.
– Паша и јас сме пар сега – напишало девојчето.

По објавувањето на таа информација, и двајцата започнале со објавување фотографии за нивната „љубовна приказна“ на кои се бакнуваат, па дури и спијат во ист кревет.
На една фотографија се гледа како се гушкаат, додека Милана мие заби и тоа само во долна облека. Кога нивните фотографии станаа тема на медиумите во Украина и пошироко, повеќето сомнителни фотографии и видеа беа отстранети, оставајќи ги само оние каде момчето и девојчето не се сами или прават „нормални“ активности.

За мајката „се е како што треба да биде“
Мајката на ова малолетно девојче, Дарја, на нејзиниот инстаграм-профил потенцира дека нема проблем со врската на нејзината ќерка, како и дека тоа е „нивен живот и дека тие самите мора да разберат што и како“.
„Ќерка ми рече дека ќе ја помине ноќта кај Паша. Тоа беше семејна посета. Тоа е, Милана и јас дојдовме да го посетиме семејството со кое сме пријатели”, вели мајката Дарја, додавајќи дека нејзината ќерка не знаела за „скандалозните коментари што се пишуваат на социјалните мрежи“.

По споделувањето на оваа објава, мајката беше нападната од бројни критичари и негативни коментари, а некои дури одат дотаму што бараат властите да ја гонат и да и го одземат старателството.
– Мајката на Мила, Дарја, има проблеми во главата! Таа го сексуализира своето сопственото дете за пари. Мајката не сфаќа дека покрај децата и тинејџерите, огромен број коментари доаѓаат и од педофили. Проблемот на детските модели и децата кои учествуваат на натпревари за убавина отсекогаш бил „ракот“ на шоу-бизнис индустријата. Денес, во таа група спаѓаат и детски блогери – напиша психолот Герда Вебер, која важи за една од најгласните критичарки на целиов случај.

На 16 март, Дарја за прв пат зборуваше за украинскиот дневник за односот помеѓу нејзината осумгодишна ќерка и нејзиното тринаесетгодишно момче. Таа истакна дека веќе дала изјава во полицијата.
Г-ѓа Маханец е убедена дека ниту таа, ниту нејзината ќерка, ниту 13-годишната Паша не сториле нешто против законот.
Таткото шокиран
Сега, за првпат се огласи и таткото на малолетното девојче, Александар Маханец, кој се развел од нејзината мајка Дариа во 2019 година, а по повод на целата случка, изјави дека „не знае ништо“ и дека е „шокиран“.

– Навистина сум шокиран од она што се случува. Ова е, благо речено, погрешно – потенцира таткото на осумгодишната Мила.
Се огласи и адвокатотката Ана Малјар, коментирајќи дека мајката ја направила „својата ќерка, од осумгодишно девојче, до заводлива жена за перверзни луѓе и педофили“.