Фото: i-Images / Eyevine / Profimedia

ФОТО + ВИДЕО | Од Бекамови до Хелен Мирен: Еве кој присуствуваше на ексклузивната вечера со кралот Чарлс и Камила

Британскиот крал Чарлс и кралицата Камила, пред нивната посета на Италија и Ватикан, организираа гала вечера за бројни познати гости во петокот навечер, со мени со различни италијански деликатеси како рак и равиоли, послужени со англиски и италијански вина.

„Би-би-си“ пишува дека вечерата, на која присуствуваа, меѓу другите, Дејвид и Викторија Бекам, Хелен Мирен, Донатела Версаче, Стенли Тучи – кои му помогнаа да ги избере состојките и да го состави менито – уредникот на британскиот Вог , Едвард Енинфул, готвачите Рејмонд Блан и Анџела Хартнет и многу други, беше еден вид на кулинарско загревање на брачната двојкаво пред посетата на Италија, каде ќе се сретнат со папата Франциск.

Фото: i-Images / Eyevine / Profimedia

Патувањето на кралската двојка треба да се совпадне со нивната 20-годишнина од бракот. Чарлс им зборуваше на гостите на вечерата за неговата голема љубов кон италијанската кујна и култура.

„Добрата храна ги зближува луѓето, а она што го избираме да јадеме помага да се дефинираме како семејства, заедници и нации“, рече тој.

Италијанско-британската вечера, одржана во имотот Хајгроув во Глостершир, на која присуствуваше и италијанскиот амбасадор во Британија, Иниго Ламбертини, беше прослава на таканаречената „бавна храна“, тип на готвење што комбинира и користи свежа локална храна и традиционални методи на готвење. Чарлс изјави дека вечерта комбинира две работи кои му се многу драги – бавната храна и Италија.

„Културата на храна на една нација е непроценливо општествено и еколошки богатство, тесно поврзано со нејзиното чувство за идентитет и место“, рече тој. Како голем вљубеник во уметноста и културата, тој зборуваше за официјална посета на Италија.

Менито за прием и вечера беше дизајнирано и надгледувано од калабрискиот готвач Франческо Мазеи. Се базираше на италијански рецепти и британски состојки, а со јадењата се служеа англиско пенливо вино и италијански црвени и бели вина. Коктелите ги направи Алесандро Палаци, користејќи билки од градините во Хајгроув.

Кралот им наздравил на гостите на италијански: „Alla eterna cultura italiana del buon cibo“, што значи „на безвременската италијанска култура на храна“.

Бакингемската палата во четвртокот потврди дека вечерата била организирана пред државната посета на кралската двојка на Италија и Ватикан на почетокот на април. Покрај средбата со папата Франциск, се очекува кралот и кралицата да се сретнат и со италијанските политички лидери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот