ким кардашијан
Ким Кардашијан, Фото: Инстаграм

ФОТО + ВИДЕО | Новиот моден подвиг на Ким Кардашијан

За стилот на Ким Кардашијан се зборува со години. Ријалити ѕвездата доживеа голема транформација во врската со Канје Вест, кога раперот, фамозно во епизода на „Keeping up with the Kardashians“ ѝ го испразни плакарот и го наполни со негова модна селекција. Несомнено Канје влијаел низ годините, но сега кога е законски сингл, Ким ужива и избира храбри модни комбинации.

Ким ги „отслика“ своите облини целосно додека ја проследи ревијата на Баленсијага за време на модната недела во Париз во неделата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @celebritieupdates

41-годишната икона носеше костим прилепен на телото, направен од жолта лента за претпазливост, испишана со името на модната ќуќа. Изгледот го комплетираше со чантата „Balenciaga’s Hourglass“ (исто така украсена со лента) и црни очила за сонце.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bev Brown (@darta_1)

Соработката со модната куќа Баленсијага се покажа плодна и успешна за Ким, па очекуваме што ќе биде следно во нејзините модни авантури.

ФОТО | Ким Кардашијан позира за „Вог“: Време е да се усреќам себеси!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот