Мадона - Фото: Принтскрин/ Инстаграм

ФОТО+ВИДЕО | Мадона му го честиташе 94-тиот роденден на својот татко и објави ретки фотографии со него

Мадона му го честиташе 94-тиот роденден на својот татко Силвио Чиконе. Таа сподели фотографии и видеа со нејзиниот татко, опкружен со балони и роденденска торта. Покрај тоа, Мадона објави монтажа од фотографии од нејзиниот татко и други членови на семејството на Инстаграм.

„Среќен роденден на мојот татко. Силвио Чиконе има 94 години и е силен! Преживеал многу војни и многу загуби во животот, а сè уште има чувство за хумор и силна желба да станува од кревет секое утро и да го искористи денот на најдобар можен начин“, напиша Мадона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

„Штета што не живееме во свет кој ги слави знаењето, искуството и мудроста што можеме да ги научиме само од нашите постари кои преживеале многу децении на оваа планета. Опседнати сме со младоста и физичката убавина кои иронично не нè учат на ништо и ни даваат само моментално задоволство“, додаде таа.

Мадона – Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Таа заврши нагласувајќи дека е горда на него. „Знам дека мама е насмеана и среќна каде и да е“, пишува пејачката, чија мајка починала од рак на дојка во 1963 година.

Силвио Чиконе е роден во Пенсилванија во 1931 година. Неговите родители емигрирале во Америка од Италија.

„Моите баба и дедо не зборуваа англиски. Не беа многу образовани и мислам дека тие претставуваа еден вид стар начин на живот со кој мојот татко не сакаше да биде поврзан. Тој не се срамеше, само сакаше да биде подобар“, изјави Мадона во 1985 година.

Чиконе служел во воздухопловните сили на САД во младоста, а потоа се преселил во Мичиген каде што работел како инженер. Силвио ја запознал мајката на Мадона, Мадона Луиз, преку негов пријател, кој бил и брат на Мадона Луиз. Тоа била љубов на прв поглед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот