Кид Рок и Доналд Трамп - Фото: EPA-EFE/ALEXANDER DRAGO / POOL

ФОТО + ВИДЕО | Кид Рок ја посети Белата куќа во урнебесен стајлинг: Трамп го откри неговото вистинско име

Кид Рок ја посети Белата куќа во интересна облека, која предизвика бројни коментари на социјалните мрежи.

Музичарот, познат по хит песната „All Summer Long“, ја посети Белата куќа во понеделникот додека претседателот Трамп ги потпишувал извршните наредби. Трамп го покани во Овалната соба и потпиша извршна наредба за која вели дека ќе помогне да се спречи препродавањето билети и да се направат „разумни“ промени во цените на настаните во живо.

„Секој што купил билет за концерт во последните десет, можеби дваесет години – без разлика на политичките убедувања – знае дека тоа е вистински хаос“, рече Кид Рок.

За таа прилика Кид Рок се појави во патриотска облека, светкава црвена јакна со американско знаме и крилја на орел, националната птица на САД. Неговите ракави беа украсени со бели ѕвезди обрабени со сини светки, а панталоните беа со ист тон – црвени, со пруги кои наликуваа на минијатурни американски знамиња, испреплетени со бели ѕвезди.

Кид Рок и Доналд Трамп – Фото: EPA-EFE/ALEXANDER DRAGO / POOL
Кид Рок и Доналд Трамп – Фото: EPA-EFE/ALEXANDER DRAGO / POOL

Целиот изглед го заокружи со бела шапка со црвени, бели и сини ѕвезди околу работ, што дополнително ги евоцира боите на американското знаме.

На социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер) корисниците ја коментираа посетата на Кид Рок на Белата куќа, а особено неговиот избор на облека.

„Ок, значи… ја сакам облеката на Кид Рок“, напишал еден корисник, додека друг додал: „Го сакам аутфитот на Кид Рок!“ Но, не беа сите воодушевени: „Кид Рок, пропаднат и неважен американски кловн… таа облека е ужасна“, напиша некој.

Додека многу се зборуваше за неговата облека, уште поголем интерес предизвика како Трамп постојано му се обраќаше со „Боб“ за време на посетата. Иако на јавноста ѝ е познат по неговото уметничко име Кид Рок, неговите блиски (а можеби и неговите најжестоки обожаватели) знаат дека неговото вистинско име е Роберт Џејмс Ричи – а „Боб“ е вообичаен прекар за Роберт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот