Фото: Инстаграм/ Heidi Klum

ФОТО + ВИДЕО | Хајди Клум и ќерка ѝ позираа разголени во секси црвена долна облека

Хајди Клум (50) и нејзината ќерка Лени (19) се појавија на новата реклама на брендот за долна облека „Интимисими“, а манекенката ги сподели фотографиите на својот инстаграм профил. Тие се фотографирани за божиќна кампања, облечени во секси долна облека. На фотографиите германскиот супермодел и нејзината ќерка држат подароци додека се насмевнуваат на камерата.

Фото: Инстаграм/ Heidi Klum

Слично како и нивните претходни заеднички кампањи, објавата од мајката и ќерката наиде на различни реакции од обожавателите. Додека некои беа пресреќни што повторно ги видоа заедно, еден корисник објави дека е „малку морничаво“ Лени да позира во долна облека покрај нејзината мајка.

Сепак, Лени еднаш изјави за „Пејџ сикс“ (Page Six) дека не ѝ пречи реакцијата на нејзините минати кампањи за долна облека со нејзината мајка.

„Генерално, сум среќна со кампањата и имав неверојатен ден со мајка ми. Мислам дека фотографиите испаднаа одлично и многу се забавувавме. Ако не ги гледам коментарите, не морам да обраќам внимание на тоа, па едноставно не знам што има таму“, додаде таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот